Friday, March 19, 2021

Алфабет торта без печење

Алфабет торта без печење  

Денот пред роденденот на моите деца беше хаосен. До тогаш само ја замислував идејата каква торта ќе им направам и секако, денот ќе го посветам на спремање за нивниот роденден. Но, утрото осамна со исклучена струја. Нервоза на најсилно и цел ден гњаважа со тој проблем. Во нашето државиче знаат лесно да исклучат струја за неплатена сметка, ама откако ќе се плати и тоа не оди така лесно бидејќи се сметаат многу супериорни да го малтретираат народот, потоа треба цеееел ден да напињаш да ти ја пуштат. И така, отиде денот со трчање и нервоза, а замислата за тортата само во почетни скици, дека сакам да е алфабет форма, па за тесто и фил мислев дека ќе одлучев ако не беше моментот со струјата. Се стемни, а јас уште бесна и без склопен концепт. Тортата на крај настана како и многуте мои готвења околу полноќ. Се одлучив за (полу)готови производи, ја креирав буквата на дупли А4 формат со коцки и почнав спонтано... 


М за 21от роденден на Михаел и Милена 

моите близнаци. 

Потребно 

1 пакување готови правоаголни кори за торти 

1 фил во прав за торти од чоколадо

250 мл млеко

250 мл слатка павлака

1 инстант пудинг од чоколадо

225 мл млеко

1 лажица портокал-ѓумбир шеќер

1 пакетче портокал шеќер

2-3 лажици шеќер во прав

4 полни лажици Нутела 



 Подготовка 

Исечете или испринтајте буква, бројка или форма која сакате на лист хартија за калап.

Со него исечете ги формите на корите. 


Инстант филот за торти се мати со 250 мл млеко, во друг сад инстант пудингот со 225 мл млеко, а во трет слатката павлака во која можите да ги додадете останатите состојки сите наеднаш или пак откако сите овие изматени работи ги споите заедно во еден сад.
Јас се раководев по упатството за третиот начин на подготовка на инстант филот, така прво ја матев павлатака меко додека згусни, па филот на тој начин и потоа заедно додека се направи убава црврстина. Соодносот на состојките го прилагодив по моја пресметка за потребите на рецептот и додатокот на другите состојки.


Аромата воглавно е чоколадо кога финално се јади, а доколку сакате додатен вкус за појачан портокал додадете и рендана кора, или пак арома по ваша желба.

 Филот ставете го во шприц со широк отвор и едно до друго филовајте во облик на топчиња.

Така секој ред до најгорниот слој. 





Потоа одозгора украсете по ваш избор со колачиња, бомбончиња, макаронс и сл.

За оваа, завршија харибо, чоко флипс, тутку, маршмелоу, некоја панделка од фондан и на крај за тофу изгледаше дека место не остана.




* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment