Wednesday, March 17, 2021

Посни крофнички со семиња во апарат за крофни

Посни крофнички со семиња
(апарат за крофни) 
 
Јас не сум постач, но во денешно време знам куп постачи на кои баш периодов ќе им се најди ова рецептче. Јас пред некоја година морав да изберам солени и посни залачиња и да спремам кетериг за една прекрасна автрорка. Како непостач бев особено скептична дали ќе успеам да спремам и лик и вкус, ем посно, ем солено, а најмалку моја категорија. На мое пријатно изненадување,  иако посни избрани рецепти беа одлични на вкус, а овие како најмалку очекував особено вкусни. 




Потребно
 
мера: филџан од 170мл 

1,5 филџан газирана вода 
1/2 филџан масло 
1 лажичка сол 
2 лажички ленено семе 
2 лажици сусам 
2 лажици сончоглед 
10 лажици брашно 
1 прашок за печење 
2 млади кромитчиња 

Подготовка 

Потпечете ги сусамот и сончогледот во сува тава на рингла. 

Во сад за месење ставете ја водата и маслото заедно со солта. Измешајте, па додадете ги семињата, па потоа брашното измешано со пецивото. На крај додадете ги перцата од младиот кромид, ситно исечкани. 

Крофничките испечете ги во загреана крофнарка претходно подмачкана со масло. 

Готовите крофнички украсете ги по желба. 
Јас употребив посен мајонез, зелена маслинка и франсцуски магдонос. 



* Фотографиите се авторски. Забрането е превземањето на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment