Saturday, March 20, 2021

Залеана компир пита со готови кори

Залеана компир пита со готови кори 

Моето мислење дека фалените пити со компир се само скроб и не се вкусни со оваа пита се смени. Не е доволно само да се држиме до своето мислење без прво да пробаме :) 



Потребно 

1 пакетче готови кори за пита

1 кг компири

3 главици кромид

Сол, црн бибер

За прелив

250 мл вода

1 лажичка масло

½ лажиче сол 


Подготовка

Компирите се лупат и се рендаат, а кромидот ситно се сечка. Малку се посолува и се става црн бибер. Јас ставив и оригано малку, а неместо црн бибер, енибар. Се убаво се меша. 

Секоја кора се попрскува со малку масло, па се става од филот и се витка во ролна. Спрема рецептот филот требаше да е распрскан низ целата кора, но јас, ете така ми дојде и го ставив на почетоткот па виткав. Нема некој проблем, но сепак во следни прилики би претпочитала на другиот начин. 


Корите се редат во намастена тава, која ако изберите со кружна форма можи да ги виткате и во лик на мазник. 

Одозгора се попрскуваат со малку масло и се печат на 200С малку да поруменат. 

Јас сусам многу сакам, па ја поросив и со него. 



Во меѓувреме се спрема преливот. Водата се зоврива и се додаваат маслото и солта и се меша убаво.

Се прелива врз потпечените кори секаде рамномерно и се допекува додека се впие преливот. Јас ја покрив со фолија пред крај и оставив да допечи дури и откако ја исклучив рерната по 20 минути. 






* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment