Friday, March 19, 2021

Баклава со чоколадирани чајни колачиња

 Баклава со чоколадирани чајни колачиња 

Кога бевме деца немаше луксузи од благо и тоа малку што имаше инстантно се јадеше. 

Денес е сосема поинаку. Се пребира што се сака да се јади, а другото стои. 

Поради здравствени проблеми избегнувам млеко да користам, инаку јас не би ги оставила така отворени, сами и тажни. А децава ни да ги помирисаат. 

Па така, се роди идејата да се искористат некако. Имаше кори во фижидерот и ВОАЛАААА! Баклава! Се испотепаа за парче плус ;) 



Потребно 

500гр кори за баклава

500 гр чоколадирани чајни колачиња на Винчини

200 гр мелени ореви

150 гр чоколадо за готвење

За шербет 

900 гр шеќер

1,1  литар вода 

 За прскање на корите

½ чаша газирана вода и 1/2 чаша масло 




Подготовка 

Најпрво сварете го шербетот. Нека врие на умерена температура 10 мин. Тргнете го на страна да олади.

 Во сецко измелете ги чајните колачиња, во кој исто така и оревите, а чоколадото изрендајте го. Се заедно измешајте во една вангла.

 Кој има трпение можи киселата вода и маслото да ги стави во посебни чаши и да попрскува врз корите со помош на лажиче од двете чаши. За забушантите ко мене, како побрз и полесен начин, ги ставате и двете течности во една чаша, мешате при секое макање бидејќи маслото има тенденција да лебди над водата и со силиконска четка премачкувате (кога ќе приметите дека сепак се потрошило, се додава повремено по малку масло).

 Се премачкуваат сите кори, и таа со фил.

Се редат по две, врз нив се наросува насекаде од филот и се витка во ролат.

 Се печи на 200С додека не порумени.

 Топлата баклава се прелива со ладниот шербет.


* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment