Tuesday, March 16, 2021

Компирки

Компирки 

оригинален рецепт од битолските пекари 



Потребно: 

За тесто 

130 гр пире снегулки (1 пакетче) 

600 гр жешка вода 

250 мл масло 

1,5 лажица вегета 

0,5 лажица сол 

1 коцка свеж квасец (40 гр) 

750 гр брашно 

За премачкување 

1 лажица сенф 

1/2 лажиче црвена пипер 

и малку вода ако е потребно 

сусам и други семиња по желба


Подготовка: 

Во тенџере се става водата да зоврие и се трга од рингла.

Во зовриената вода се додава маслото па  се попаруваат пире струготините и се меша да се соедини.

Му се додава солта, вегетата и активираниот квасец.

На крај се меси со брашното.

Се покрива и се остава 10 минути, па се премесува и уште еднаш 10 минути да отстои.



Потоа се премесува уште еднаш и се сучи со дебелина од пола до 1 см зависно колкави сакате да ви се големи. Јас ги сакав како залачиња, па затоа се помали. Се сечат најчесто со кружен калап, со големина на крофни, но не мора, еве, можи и вака ако сакате.



Компирките се редат во плех, се премачкуваат со смесата за премачкување, се посипуваат по желба со семиња и се печат во загреана рерна на 200С. 

 




Од кетерингот со посни залачиња 






* Фотографиите се авторски. Забрането е превземањето на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment