Monday, June 17, 2019

Сладолед торта со јаготки

Здраво
Ова е мојот прв пост на тукуштоотворениот блог, па бидејќи е топло и лето решив да биди нешто разладувачко, па што ако не сладолед, а овој во форма на торта. 

Спремањето на оваа сладоледна торта е многу брзо, а резултатот е многу вкусен и ефектен на око доколку малку само се ангажирате околу украсувањето.


Сладолед торта со јаготки 





Потребно

300-400 гр јаготки 

1 конзерва засладено кондензирано млеко 

250 мл слатка павлака +150на за украсување или премачкување


Подлога

15 какао колачиња со фил 

2 лажици маргарин или путер 



Подготовка

 Јаготките се пасираат со алатка. Кој сака можи да остави и некое парченце. Јас користев овој пат замрзнати јаготки и ги ставив со се водата што ја имаа испиштено, одлично испадна.
Изберете јаготки убави и миризливи, бидејќи основата на вкусот на тортата ќе ви зависи од нив.

Во пасираните јаготки додадете го кондензираното млеко и измешајте.

На страна изматете ја павлаката и потоа и таа убаво измешајте или измиксирајте ја во јаготките.

Долгунест калап за векни обложете со најлон или алу фолија и истурете ја смесата во него. 



Стопете го путерот и измешајте го со издробените/изблендирани колачиња. Јас користев со вкус на лешници, па тоа додатно го збогати вкусот, но ако немате никакви или не сакате, тогаш и обични или какао бисквити исто така ќе ви завршат работа.

Смесата треба да дојди ронлива, како влажен песок. Распоредете ја врз сладоледот во калапот нежно притискајќи да се спои.

Завиткајте го калапот и одозгора и ставете го во замрзнувач да престои најдобро преку ноќ.

Следниот ден превртете ја тортата врз долгунеста рамна чинија и одозгора укреасете или премачкајте ја со шлаг, јаготки и чоколадни струготини или трошки. 

















 







* Фотографиите се авторски. Забрането е превземањето на истите без согласност на авоторт.