Saturday, January 15, 2022

Шишарки

 Шишарки 

Колку ми е чуден зборот шишарки хаха...ние во Битола цел живот кукулички си ги викаме, но ајде, насловот за да разберат сите што сакал да раскажи авторот :) 

Имам рецепт многу постар за шишарки (ќе биди и тој кога ќе му дојди монентот) од овие кои се прават од зрнести чоколадни житарки, но овие се веќе 3де верзија :) Многу шармантни на изглед и автентични на трпезата за симските празници. 

Можи да ги направите од било кој рецепт за бомбици кои се поцрврсти за оформување. 




Состојки 

Чаша = 150 мл

2 чаши шеќер

1 чаша вода

125 гр маргарин

100 гр какао

300 гр мелени бисквити

1 рендана кора од портокал

1 портокал шеќер

50 гр крупно мелени ореви

 

Чоколаден корнфлекс 



 Подготовка 

Зовријте ги шеќерот и водата. Намалете ја температурата и додадете го маргаринот и какаото.

Откако ќе се соединат, тргнете од рингла и додадете ја кората од портокал и портокал шеќерот.

По неколку минути, кога малку ќе подолади, додадете ги оревите и бисквитите. Додколку има потреба за цврстина додадете од бисквитите или ореви.

Оставете смесата да олади. Па формирајте конусни облици. Ставете ги во замрзнувач да се стегнат на 15на минути и потоа редете ги со чоколаден корнфлекс.

Послужете ги попрскани со шеќер во прав. 



 ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

Дилбер баклава

 Дилбер баклава 

Една малку поинаква баклава која ни доаѓа од турската кујна која секако мами пред се со изгледот да се проба. И иако звучи комплицирано, сепак е многу лесно да се направи. 

Нас ни беше прекрасен десерт за Василица, за вртење на парето со мазникот. 


Потребно

За шербет

400 мл вода

300 мл шеќер

2 лажици сок од лимон

За тесто

350 гр брашно

1 јајце

200 мл јогурт

150 мл масло

1 лажиче прашок за печење

Уште

150на гр толчени или ситно сечкани ореви

30на гр нишесте

2х2 см коцка путер

 


Подготовка

Прво сварете го шербетот. Откако ќе зоврие намалете ја температурата и варете го 7 минути. Потоа додадете го сокот од лимон и варете уште 3 минути. Оставете да излади.

Од состојките замесете мазно тесто. Тестото месете го 3 минути обавезно.

Потоа поделете го на 11 дела, направете топчиња, покријте ги убаво и оставете ги да одморат половина час.

Секое топче со сукало се сучи во дијаметар од 20 см и се редат едно врз друго. Ова е ако сакате баклавата да дојди како усни. Ако сакате да е разлистана, како оваа мојата, тогаш меѓу секое исукано тесто нанесувате нишесте. Јас решив прво вака со нишесте да ја пробам, а следен пат без, па ќе видиме како ќе е поубава.

Нареденото тесто исукајте го со дебелина од 4 мм и со поширока чаша или кружно калапче вадете кружни форми.

Полнете ги со толчените ореви и превиткајте ги, но не ги стегајте, само нежно. Финтата е додека се печат благо да се отворат. 



Наредете ги во плех, премачкајте ги со стопен путер и печете на 190С околу 20-25 минути, зависно од вашата рерна. 



Испечената баклава по една минута додека е жешка прелијте ја со лажица, секое одозгора со ладниот шербет.

Одозгора посипете ореви, `фстаци или кокос. 






 ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

Thursday, January 13, 2022

Урмини сусам прсти

 Урмини сусам прсти 

Овој рецепт доаѓа од арапската кујна и секако, полнежот е со урми :) 

Покрај урми можи да се употреби и локум, а ако се решите за него, гледајте да е некој со арома. Јас во последното парче тесто ставив локум со вкус на портокал и ммм... и тоа испадна одлично. 

Инаку, за толку и не ми стаса од смесата за урми, па вие кои ќе решите да го правите не е проблем и од старт да употребите уште 100 гр плус, тоа нема да се одрази на мерките. Урмите всушност треба да се паста од урми, која кај нас се разбира ја нема, па користиме урми без коски, а како, читајте надолу :) 


Потребно

За тесто 

2 јајца

½ чаша шеќер

¾ чаша масло

1 лажица ванила

Прстофат сол

½ чаша нишесте

½ чаша млеко во прав

½ лажиче прашок за печење

2 чаши брашно

За фил

400 гр урми

2 лажици масло

1 лажиче цимет

За премачкување и валкање

2 лажички мед

2 лажички вода

150 гр сусам

 

Подготовка

Рецептот е арапски и во него се користи готова паста од урми, а во наши услови урмите ги мелиме во Нутринулетот (во сецко пробав, ама не биваше) по 100 гр во кои додаваме по едно лажиче масло, а во меѓувреме и циметот. 



Пастата од урми ја делиме на неколку дела и правиме ваљаци со дебелина од половина см или потенки од прст.

Ги оставаме на ладно додека го спремаме тестото. 


За тестото ставете ги сувите состојки во сад за месење и измшајте ги.

Останатите состојки ставете ги во блендер и блендирајте ги до згуснување. Ако немате блендер користете миксер.

Потоа додадете ги во ванглата со сувите состојки и измесете глатко тесто.

Земајте парче од тестото и растанчете го ТЕНКО во правоаголник со големина колку ваљакот кој треба да го сместите во него и да го затолате рамномерно со тестото. Потоа залепете ги краевите на спојот и заролајте го додатно. 



Премачкајте го секој ваљак со мешавината мед и вода и потоа изролајте го обилно во сусам.

Исечете ги ваљаците во должина на прст и наредете ги во плех. 



Печете на 190С 13на минути, односно додека се потпечи сусамот. 





 ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

Saturday, January 8, 2022

Раванија со јаболка и ореви

 Раванија со јаболка и ореви 

Ах колку ми се сакало последно долго време некое вакво потурено благо... А оваа комбинација дојде како полн погодок. Едноставно, ама душата мерак ја разблажи ;) 


Подготовка 

За тесто

4 јајца

12 лажици млеко

12 лажици масло

12 лажици гриз

12 лажици брашно

1 прашак за печење

1 ванилин шеќер

3 рендани јаболка

100 гр крупно мелени ореви

 Шербет

650 гр шеќер

900 мл вода

 


Подготовка 

Кремасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата.

Потоа со намалена сила на миксерот додавајте ги редоследно состојките.

Истурете ја во намрсена тепсија и печете на на 170С .

Јас ја печев во тепсија 20х30 и беше солидно висока.

Шербетот спремете го совреме. Откако ќе зоврие, варете на ниска температура уште некои 5 минути и потоа оставете го да олади.

Се потура ладен шербет и млака раванија. 



 ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.