Thursday, January 13, 2022

Урмини сусам прсти

 Урмини сусам прсти 

Овој рецепт доаѓа од арапската кујна и секако, полнежот е со урми :) 

Покрај урми можи да се употреби и локум, а ако се решите за него, гледајте да е некој со арома. Јас во последното парче тесто ставив локум со вкус на портокал и ммм... и тоа испадна одлично. 

Инаку, за толку и не ми стаса од смесата за урми, па вие кои ќе решите да го правите не е проблем и од старт да употребите уште 100 гр плус, тоа нема да се одрази на мерките. Урмите всушност треба да се паста од урми, која кај нас се разбира ја нема, па користиме урми без коски, а како, читајте надолу :) 


Потребно

За тесто 

2 јајца

½ чаша шеќер

¾ чаша масло

1 лажица ванила

Прстофат сол

½ чаша нишесте

½ чаша млеко во прав

½ лажиче прашок за печење

2 чаши брашно

За фил

400 гр урми

2 лажици масло

1 лажиче цимет

За премачкување и валкање

2 лажички мед

2 лажички вода

150 гр сусам

 

Подготовка

Рецептот е арапски и во него се користи готова паста од урми, а во наши услови урмите ги мелиме во Нутринулетот (во сецко пробав, ама не биваше) по 100 гр во кои додаваме по едно лажиче масло, а во меѓувреме и циметот. 



Пастата од урми ја делиме на неколку дела и правиме ваљаци со дебелина од половина см или потенки од прст.

Ги оставаме на ладно додека го спремаме тестото. 


За тестото ставете ги сувите состојки во сад за месење и измшајте ги.

Останатите состојки ставете ги во блендер и блендирајте ги до згуснување. Ако немате блендер користете миксер.

Потоа додадете ги во ванглата со сувите состојки и измесете глатко тесто.

Земајте парче од тестото и растанчете го ТЕНКО во правоаголник со големина колку ваљакот кој треба да го сместите во него и да го затолате рамномерно со тестото. Потоа залепете ги краевите на спојот и заролајте го додатно. 



Премачкајте го секој ваљак со мешавината мед и вода и потоа изролајте го обилно во сусам.

Исечете ги ваљаците во должина на прст и наредете ги во плех. 



Печете на 190С 13на минути, односно додека се потпечи сусамот. 





 ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment