Saturday, January 15, 2022

Дилбер баклава

 Дилбер баклава 

Една малку поинаква баклава која ни доаѓа од турската кујна која секако мами пред се со изгледот да се проба. И иако звучи комплицирано, сепак е многу лесно да се направи. 

Нас ни беше прекрасен десерт за Василица, за вртење на парето со мазникот. 


Потребно

За шербет

400 мл вода

300 мл шеќер

2 лажици сок од лимон

За тесто

350 гр брашно

1 јајце

200 мл јогурт

150 мл масло

1 лажиче прашок за печење

Уште

150на гр толчени или ситно сечкани ореви

30на гр нишесте

2х2 см коцка путер

 


Подготовка

Прво сварете го шербетот. Откако ќе зоврие намалете ја температурата и варете го 7 минути. Потоа додадете го сокот од лимон и варете уште 3 минути. Оставете да излади.

Од состојките замесете мазно тесто. Тестото месете го 3 минути обавезно.

Потоа поделете го на 11 дела, направете топчиња, покријте ги убаво и оставете ги да одморат половина час.

Секое топче со сукало се сучи во дијаметар од 20 см и се редат едно врз друго. Ова е ако сакате баклавата да дојди како усни. Ако сакате да е разлистана, како оваа мојата, тогаш меѓу секое исукано тесто нанесувате нишесте. Јас решив прво вака со нишесте да ја пробам, а следен пат без, па ќе видиме како ќе е поубава.

Нареденото тесто исукајте го со дебелина од 4 мм и со поширока чаша или кружно калапче вадете кружни форми.

Полнете ги со толчените ореви и превиткајте ги, но не ги стегајте, само нежно. Финтата е додека се печат благо да се отворат. 



Наредете ги во плех, премачкајте ги со стопен путер и печете на 190С околу 20-25 минути, зависно од вашата рерна. 



Испечената баклава по една минута додека е жешка прелијте ја со лажица, секое одозгора со ладниот шербет.

Одозгора посипете ореви, `фстаци или кокос. 






 ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment