Monday, September 13, 2021

Колач со суво овошје (без брашно и шеќер)

 Колач со суво овошје (без брашно и шеќер) 

Знам, зимски е колачов ако вршиме некои сезонски поделби, но мене супер ми се најде за носење. Едноставен, без некои посебни маки, а толку личен и шарен. За вкусот да не ви зборувам...си претпоставувувате, нели? :) 

Ајде накратко да ви раскажам како го правев


Состојки

800 гр суво овошје (по 200 од секое кое ќе го изберите на пример)

100 гр ореви

4 јајца

1 лажица мед

1 лажиче цимет

1/2 лажиче каранфилче

125 гр брашно од овесни снегулки

 


Подготовка

Изберете го видот на овошјето и нагодете ја вкупната грамажа за потребата на рецептот. Јас ставив 200 гр смокви, 200 гр кајсии, 200 гр урми, 100 гр сливи и 100 гр грозје како брусницата која ја намерив претходно ја употребив за Фанурија.

Ставете го овошјето во вода и оставете го 2 часа да кисни. Потоа исцедете го. 

Оревите во рерна, микробранова или во суво тавче, потпечете ги да пуштат арома.

Овесните снегулки ставете ги во Нутрибулет или мелница за кафе и сомелете ги во брашно. 



Во сад за матење изматете ги пенасто јајцата, па додадете го медот и матете уште некое време тој убаво да се соедини. Потоа додадете ги циметот и каранфилчето.

Потоа додадете го брашното од овесните снегулки, па оревите и исцеденото суво овошје.

Се убаво измешајте и истурете во долгунест калап обложен со пек-хартија.

Печете на 180С околу половина час. 





©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

Четири врсти на овесна каша за појадок

 Четири врсти на овесна каша за појадок 

Сум пробала уназат неколку начини на спремање на овесна каша, па дури и од оние готовите ќесички сум зела. Иако се трудам као еве, здраво да се хранам, но се тоа усилено и без некој мерак. 

Овој пат состојките така совршено си се погодија што јадењето на овесните каши конечно стана и задоволство. Секако, од повеќето врсти, ќе си имате и фаворит, но исто така, ако ја запазите основата и додатоците си ги надополните и со упте некоја врста на овошје или крем или што и да ви е по мерак и ќе ги користите повремено и како ваков вид на појадок чинам :) 



Нели примамливо изгледаат? :)  
Еве уште едно фотче, па да премниме на текстот :) 





Овесна каша со малини

 4 полни лажици овесни снегулки

100 мл цврст јогурт

1 лажица чиа

1 лажиче мед

100 мл бадемово млеко

6-10 малини

 




Овесна каша со банана и какао

4 полни лажици овесни снегулки

100 мл цврст јогурт

1 лажица чиа

1 лажиче мед

100 мл бадемово млеко

1 лажиче какао

½ банана

 


Овесна каша со путер од кикиритки

4 полни лажици овесни снегулки

100 мл цврст јогурт

1 лажица чиа

1 лажиче мед

100 мл бадемово млеко

1 лажиче путер од кикиритки

 





Овесна каша со јаболко и цимет

4 лажици овесни снегулки

1 лажиче чиа

100 мл течен јогурт

50 мл бадемово млеко

1 рендано јаболко

½ лажиче цимет

¼ лажиче каранфилче

1 лажиче мед

 





Подготовка

Спремањето е многу брзо и едноставно. Чекањето додека се изедат е малку помачно ако сте гладни : ) 



Само испасирајте го овошјето и потоа сите состојки измешајте ги убаво. Ставете ги во сад кој ќе го изберите, покријте го и оставете во фрижидер 2 часа. Потоа земете лажица и уживајте во вкусовите. 











©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

Tuesday, September 7, 2021

Бесквасна Фанурија

 Бесквасна Фанурија 

Фанурија е блага погача која се прави на денот на Св. Фануриј на 09.09. за која народот верува дека со нејзиното месење и осветување исполнува желби. Иако, црквата учи дека се прави за избавување на душата на мајката на Фануриј, која додека била жива вила многу лоша жена за разлика од нејзиниот побежен син. Така, Фануриј успеал во своите смртни маки да го измоли Бога за спасение на мајкината душа, при што домаќинките ќе месат блага погача молејки се за покој на мајката, а тој пак, за возврат ќе им се врати во сонот и ќе им кажи некоја пријатна новост што ќе им се случи во иднина. 

Се прави од 9 посни состојки, најчесто како кажав е блага погача и се прави со квасец, но нема строги правила дека мора, па оваа е бесквасна и мноооогу полесна за правење, особено успева кај оние кои не се со големо искуство во месењето тесто. 

Велат, Фанурија не мора да се прави исклучиво за самиот празник, ами било кога и да посакаш.


Состојки 

2 чаши брашно

1 лажиче сода бикарбона

1 кесе портокал шеќер

1 ванилин шеќер

½ чаша кафеав шеќер

1 чаша вода

Помалку од пола чаша масло

50 гр брусница

Прстофат сол

 


Подготовка  

Ставете ја рерната да се загрее на 200С.

Се мешаат сувите состојки, па во нив се додаваат водените.

Кога масата ќе стани компактна се истура во намастен и набрашнет калап.

Се става во рерната и се намалува на 180С веднаш.

Се печи околу 35 минути зависно формата на калапот.

Печената Фанурија се посипува со шеќер во прав и се декорира по желба.

 


*Оваа е доза за мал куглоф. Ако сакате за поголема, дуплирајте ги состојките. 



Фануријата подготвеназа емисијата Везилка посветена на Битола на 04.09.21 


Пресек 





©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.