Tuesday, September 7, 2021

Бесквасна Фанурија

 Бесквасна Фанурија 

Фанурија е блага погача која се прави на денот на Св. Фануриј на 09.09. за која народот верува дека со нејзиното месење и осветување исполнува желби. Иако, црквата учи дека се прави за избавување на душата на мајката на Фануриј, која додека била жива вила многу лоша жена за разлика од нејзиниот побежен син. Така, Фануриј успеал во своите смртни маки да го измоли Бога за спасение на мајкината душа, при што домаќинките ќе месат блага погача молејки се за покој на мајката, а тој пак, за возврат ќе им се врати во сонот и ќе им кажи некоја пријатна новост што ќе им се случи во иднина. 

Се прави од 9 посни состојки, најчесто како кажав е блага погача и се прави со квасец, но нема строги правила дека мора, па оваа е бесквасна и мноооогу полесна за правење, особено успева кај оние кои не се со големо искуство во месењето тесто. 

Велат, Фанурија не мора да се прави исклучиво за самиот празник, ами било кога и да посакаш.


Состојки 

2 чаши брашно

1 лажиче сода бикарбона

1 кесе портокал шеќер

1 ванилин шеќер

½ чаша кафеав шеќер

1 чаша вода

Помалку од пола чаша масло

50 гр брусница

Прстофат сол

 


Подготовка  

Ставете ја рерната да се загрее на 200С.

Се мешаат сувите состојки, па во нив се додаваат водените.

Кога масата ќе стани компактна се истура во намастен и набрашнет калап.

Се става во рерната и се намалува на 180С веднаш.

Се печи околу 35 минути зависно формата на калапот.

Печената Фанурија се посипува со шеќер во прав и се декорира по желба.

 


*Оваа е доза за мал куглоф. Ако сакате за поголема, дуплирајте ги состојките. 



Фануријата подготвеназа емисијата Везилка посветена на Битола на 04.09.21 


Пресек 





©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.





No comments:

Post a Comment