Monday, September 13, 2021

Колач со суво овошје (без брашно и шеќер)

 Колач со суво овошје (без брашно и шеќер) 

Знам, зимски е колачов ако вршиме некои сезонски поделби, но мене супер ми се најде за носење. Едноставен, без некои посебни маки, а толку личен и шарен. За вкусот да не ви зборувам...си претпоставувувате, нели? :) 

Ајде накратко да ви раскажам како го правев


Состојки

800 гр суво овошје (по 200 од секое кое ќе го изберите на пример)

100 гр ореви

4 јајца

1 лажица мед

1 лажиче цимет

1/2 лажиче каранфилче

125 гр брашно од овесни снегулки

 


Подготовка

Изберете го видот на овошјето и нагодете ја вкупната грамажа за потребата на рецептот. Јас ставив 200 гр смокви, 200 гр кајсии, 200 гр урми, 100 гр сливи и 100 гр грозје како брусницата која ја намерив претходно ја употребив за Фанурија.

Ставете го овошјето во вода и оставете го 2 часа да кисни. Потоа исцедете го. 

Оревите во рерна, микробранова или во суво тавче, потпечете ги да пуштат арома.

Овесните снегулки ставете ги во Нутрибулет или мелница за кафе и сомелете ги во брашно. 



Во сад за матење изматете ги пенасто јајцата, па додадете го медот и матете уште некое време тој убаво да се соедини. Потоа додадете ги циметот и каранфилчето.

Потоа додадете го брашното од овесните снегулки, па оревите и исцеденото суво овошје.

Се убаво измешајте и истурете во долгунест калап обложен со пек-хартија.

Печете на 180С околу половина час. 





©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment