Friday, December 24, 2021

Ашуре

 Ашуре 

Ашуре е турски десет кој муслиманите се прави во одреден период од годината наречен Месец на Ашуре. Толку научив од пријатели кога ја споделив сликата од ашурето на мојот профил на ФБ. Ако знае некој повеќе нек е излажала. Повод беше една затурена пченица, дел од гравот кој се вареше за гравче тавче и осамениот наут во конзерва. За да го направам решив да видам повеќе рецепти и да си створам еден н.з.с. ☺ Приметив дека во мк групи кај го гледав го прават без наут, грав и често и млеко. Решив да гледам турски рецепти. Е тие се со овие додатоци. Па, кад је бал, нек је маскембал хаха Не бидете скептици, пробајте го вака комплетно. Јас скептик бев воопшто, но завршив воодушевена од вкусот, а како го поделив по комшии и пријатели, реакцијата беше иста.  а пиши во коментар.

Долго време го гледав овој десерт по групите и не се осмелував да го направам. Мислев дека е некоја помија од блага вода и зарзават што плива во неа. Не сме ние многу мераклии по сувото овошје, а тоа преовладува овде. Ах, колку сум се излажала. Повод беше една затурена пченица, дел од гравот кој се вареше за гравче тавче и осамениот наут во конзерва. За да го направам решив да видам повеќе рецепти и да си створам еден н.з.с. ☺ Приметив дека во мк групи кај го гледав го прават без наут, грав и често и млеко. Решив да гледам турски рецепти. Е тие се со овие додатоци. Па, кад је бал, нек је маскембал хаха Не бидете скептици, пробајте го вака комплетно. Јас скептик бев воопшто, но завршив воодушевена од вкусот, а како го поделив по комшии и пријатели, реакцијата беше иста. 


Состојки 

2 шолји варена пченица

1 шолја варен грав

1 шолја варен наут

100 гр индиски ореви

70 гр лупени бадеми

100 гр суви кајсии

80 гр суви смокви

80 гр урми

80 гр суви сливи

50 гр сува брусница

Кора од 1 портокал

3 чаши шеќер

1 лажиче нишесте (или 1 лажица ако е пореко)

1 шолја млеко

Цимет

 

Подготовка 

Сварете ги пченицата, наутот и гравот одделно. Секако, можи да користите конзервирани за полесно и побрзо.

Додека се чека да се варат зрната, ставете ги бадемите во жешка вода да отстојат додека излади и потоа излупете ги лесно.

Можи да користите и лешници или било какви јатки ако сакате, секако тоа важи и за сувото овошје. Колку повеќе, толку побогато на вкус.

Со алатка за лупење излупете ја кората од еден исчистен портокал и исечкајте ја на коцкички.

Кога сите зрна ќе бидат скоро варени, омекнати, ги ставаме заедно во поголемо тенџере и им додаваме од нивната вода за почеток 5,6 чаши и вариме 10 минути откако ќе зоврие. 



Го сечкаме сувото овошје и го додаваме заедно со јатките и кората од портокал во тенџерето. На крај го додаваме и шеќерот и додаваме уште 4 +/-  чаши вода. Додавањето на течност не е правило во мерките. Треба да е потечно, а не густо со зарзаватите внатре.

Оставаме да вари на појак од среден оган 10-15 минути.

Нишестето го раствораме во млекото и го додаваме во тенџерето. Сега мешаме често и откако ќе зоврие вариме уште неколку минути, па го тргаме од рингла.

Цимет можи да додадете во него или откако ќе сервирате одозгора. Јас се решив за одозгора, затоа што не можев да одолеам на тој коктел од арома да не го оставам таков каков што е.

 Сервирајте го во мали чинивчиња, поделете го со пријателите и блиските и уживајте во вкусотијата.


 

П.С.: Доколку сакате посна верзија, млекото заменете го со вода.  




 ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

Thursday, December 23, 2021

Непечени колачи со путер од кикиритки

Непечени колачи  со путер од кикиритки 

Многу вкусни колачи кои се спремаат многу брзо и лесно, а не требаат многу состојки. 

Изобилство на вкус на путер од кикирити ммм...



Состојки 

300 гр мелени бисквити

300 гр шеќер во прав

300 гр путер од кикиритки

200 гр маргарин

Глазура

200 гр чоколадо

100 гр путер од кикиритки

100 гр маргарин

                   

Подготовка

Најпрво измешајте ги сувите состојки.

Потоа додадете го маргаринот на собна температура и почнете да месите со рака.

Откако ќе се спои, додадете го путерот од кикиритки и измесете се убаво.

Смесата истурете ја во плехче 20х30 обложено со пек хартија или целофан и убаво истапкајте ја да се набие и израмнете ја. 




 ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 


Корнфлекс колачи со сусам, мед и ореви

 Корнфлекс колачи со сусам, мед и ореви 

 Прекрасен пандан на старите добри и обожавани Шишарки или Кукулички како ги викаме ние во Битола, кој за разлика од нив овде има во секој загриз крцкава структура и е исто толку заразен за јадење. Предноста е плус во тоа што не губите време со калапење, ами се се истура и потоа се сечи. Мераци! 


Состојки

200 гр потпечен сусам

220 гр чоколадо

220 гр маргарин

120 гр шеќер

260 гр мед

100 гр сечкани, дробени или толчени ореви

250 гр корнфлекс

 

Подготовка 

Во суво тавче потпечете го сусамот.

Корнфлексот издробете го со рацете да е поситен.

Ставете ги во тенџерче шеќерот, медот и маргаринот да се стопат и соединат на средна температура.

Во вангла ставете го корнфлексот и оревите. Ореви доколку сакате можи да додадете и дупло, а исто така кој сака (ние не го јадиме) можи да додаде и 100 гр суво грозје или брусница. Тргнете 50-60 гр од сусамот на страна и останатиот додадете го тука.

Измешајте и додајте ги стопените состојки. 


Повторно убаво измешајте и смесата истурете ја во плех обложен со пек-хартија и убаво со раце или алатка натиснете ја смесата да се збие и израмни насекаде.  

На крај посипете насекаде одозгора со сусамот ој го тргнавте на страна и убаво натапкајте го да се залепи со смесата.

Оставете да неколу часа да се здрви подобро и исечете ја на коцки, штангли или ромбови. 




©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

Посни мафини со јаболка наречени 4,3,2,1

 Посни мафини со јаболка наречени 4,3,2,1

Едни од изборот за посни колачи за гостите за посна слава беше овој, чиј изворен рецепт е во форма на кекс, но јас решив дека во форма на мафини ќе е многу позгодно и полично и за гостите и за моето време, така да, состојките внимателно ги изменив и ги прилагодив, па дојдоа, барем кај мене, за точно 12 мафини.

 

Инаку, овој колач е од оние запишаните во тефтерите од нашите баби, а името го носи спрема бројот на состојки со кои се започнува, додека останатите се сметаат како ситни додатоци на основата. 


Состојки

Чаша=180 мл

4 средни  јаболка

3 чаши брашно

2 чаши шеќер

1 чаша масло

1 лажиче пециво

1 лажиче сода бикарбона

3 лажички цимет

½ лажиче каранфилче

Сок од ½ лимон

1-2 раце сечкани ореви 



Подготовка 

Многу просто и едноставно. Сите состојки се мешаат со лажица.

Најголем напор во сиот рецепт е да се излупат и изрендаат јаболката. 

Со смесата полнете ги калапите за мафини на кои сте ставиле претходно хартиени корпиња и печете во загреана рерна на 200С околу 20на минути. 




©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

Паеља (Paella)

 Паеља (Paella) 

Популарната Паеља која доаѓа од шпанската кујна од таму каде ја запознав за прв пат беше и е многу фалено јадење. Како во мојата фамилија се повеќето одлични скептици, така никој од нив кој ми беа гости на посна вечера немал вусено школка, вклучувајќи се и самата себе.

Школки купив пред подолго време, онака, од радозналост, без идеја како ќе ги спремам и кој ќе ги јади, па повиканите гости беа добра множина за прв тест хаха Секако, покрај другите посни јадења на трпезата на избор.

Успев поголем дел да ги наведам да пробаат, едвај, со скепса.. потоа се бараше повеќе пати репете. Истото би го кажала и за себе, прекрасна! А школките, ма овие не се воопшто страшни за јадење, ако „локумчиња“ се испонашаа хаха

Како кај нас морски плодови нема свежи, значи најпрво кога ќе се решите да го спремате ова јадење треба да ги одмрзните. 

Се спрема се на рингла во една тава. Всушност ако ги спремите состојките совреме, многу лесно и брзо. 


Состојки

1 поголема главица кромид

3 чешниња лук

1 црвена пиперка

400-500 гр ситни исчистени школки

100 мл доматно пире

1 чаша (200мл) ориз

600 мл вода

1 коцка за супа

1 лажица шафран

1 лажица сув зачин солен

½ лажиче пимент

1 лажиче мешавина зачини (босилек, оригано, тимијан, мајоран)

Половина чаша бело вино

100 gr  конзерва грашак

Мала киска ситно сечкан магдонос

 


Подготовка 

На маслиново масло во тава за паеља, што кај мене таа беше избор на Делимано Грин планет округлата тава која одлично се вклопи како за сефте,се запржува кромидот исечкан на коцкички.

За брзо време се додава пиперката исто така исечкана на коцкички и лукот мнооогу ситно сечкан или поминат на преса.

Се пржи само колку да омекни, па се додаваат школките во време колку да им подизпари водата што ќе ја пуштат (неколку минути)па на кратко пржење доматното пире, по него оризот, по кој се става коцката за супа и по неа водата. Се остава да вари на малку појака од средна температура 10-15 минути за кое време оризот ќе треба да е скоро варен. Пожелно е да не се меша, но како мене ми беше новитет јас проверував со лажицата почесто. Не е ништо страшно и ако сакате да мешате.

Потоа се додаваат грашакот, зачините и виното, кое пред да се впие, за многу кратко време и магдоносот.

Важно е оризот да има сочност, да не довозволите многу да испари течноста и да е сув. А кога сме кај него, заборавив ви кажам дека се користи некоја специјална сорта на ориз, која нашиот можи одлично да си ја заврши работата чинам.

Готовата Паеља се служи топла, одозгора со со парчиња лимон, односно сокот од лимонот е многу пожелен за попрскување пред дегустацијата. И сечан магдонос...






©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.