Monday, June 14, 2021

Клафоти (Cherry Clafoutis)

 Клафоти  (Cherry Clafoutis)

Одиме Франција!!! :) 

Клафоти е кремаст француски десерт. Најчесто се спрема со цреши, но можи да се употреби и друго овошје.



Состојки

600 гр цреши

4 јајца

100 гр + 2 лажици шеќер

1/8 лажиче сол

½ лажиче ексртакт од бадем

½ лажиче ванила екстракт

100 гр брашно

240 мл млеко

30 гр стопен путер

За посипување: шеќер во прав


Подготовка

Пуштете ја рерната да се загрее на 175С.

Премачкајте нелеплива тава обилно со путер и наросете насекаде од 2те лажици шеќер.

Измијте ги црешите и извадете им ги рачките, па оставете ги врз хартиена салфетка да се впие водата.

*За овој рецепт семките од црешите не ги вадиме. Тие со печењето на овошјето му даваат дополнителна арома.

Стопете го путерот.

Со жица изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете ја солта и екстрактите и откако ќе измешате, додајте го брашното. Мешајте со жицата додека стани еднолична смесата, па додајте го млекото мешајќи и на крај путерот.

Смесата доаѓа течна, како онаа за палачинки.

Црешите ставете ги во тавата која сте ја спремиле.

Врз нив истурете ја спремената смеса. 

Ставете во рерна да се печи 40-45 мин.

Готово е кога при тресење на мрда, а горе добило златно-кафеава боја.

10на мин пред крај извадете ја тавата. Поросете со шеќер и ставете наизменично минимални парченца путер. Вратете да се допечи. 



Го препорачуваат да се послужи топло, но мене ми е многу повкусно кога ќе олади. Значи, секој со вкусот и апетитот : ) 






©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.

Friday, June 11, 2021

Ќофтиња во тесто

 Ќофтиња во тесто

Еден од многуте рецепти од турската кујна кои изобилуваат со вкусотии. 

Морате да ги пробате! 



Состојки 

За тесто

380 гр брашно

½ свеж квасец

1 лажица сол

1 лажиче шеќер

200 мл млеко

1 јајце

30 мл масло

За ќофтенцата  

300 гр мелено месо

1 главица кромид

1 јајце

2 лажици презла

1 лажица масло

Вегета, црн бибер, лук во прав, италијански зачини

За одозгора

1 жолчка

20 гр доматно пире

1 лажица јогурт

30 мл масло

Магдонос

300 гр кашкавал

 


Подготовка

Од состојките за тесто со претходно активиран квасец се замесува глатко тесто, користејќи ги редоследно состојките, каде со маслото го домесувате веќе формираното тесто.

Се покрива и се остава да се накрени.

Во меѓувреме главицата кромид се ренда и заедно со состојките за ќофтенцата убаво се меси.

Оставете ја смесата околу половина час во фрижидер.

Потоа, од тестото кинете мали топченца (отприлика во големина на орев или многу малку поголеми), а исто така и од спременото мелено месо, иста бројка колку од тестото.

Секое топче расучете го во круг или расплескајте го со раце и во него ставете по едно ќофтенце. Завиткајте го кофтенцето со тестото.

Вака спремените ќофтенца во тесто се редат во подмачкана тава за печење (бр 28 чинам дека беше мојата), се оставаат 15 минути, па се премачкуваат со жолчката и на крај се ставаат да се печат на 190С. 



Откако ќе заруменат, се вадат и се премачкуваат со мешавината од доматно пире, јогурт и масло, се наросува ситно сечкан магдонос и врз него рендан кашкавалот.

Се враќа во рерна да се допечи, односно да се стопи кашкавалот одозгора.







 ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.

 


Чиз-колач со цреши

 Чиз-колач со цреши 


Потребно 

Кора 

3 јајца

120 гр шеќер

1 пак лимон шеќер

75 гр остро брашно

1 лажиче пециво

3-4 лажици слатко од цреши или друго

 Крем:

200 мл слатка павлака

1 ванила шеќер

2 лажици шеќер во прав

200 гр маскарпоне

 Прелив:

500 гр цреши или друго црвено овошје  

2  пак прелив за торти

0,5 литри вода

4 лажици шеќер

 


Подготовка:

Изматете ги убаво и кремасто јајцата со шеќерот и лимоновиот шеќер, па внимателно полека додајте го брашното измешано со пецивото.

По правило овде кој има повеќе време и е попосветен би требало да ги измати посебно белките и нив на крај да ги додаде во смесата.

 *Јас од брзање направив грешка. Не увидов на време дека мармаладот е за премачкување, па го додадов во смесата за кекс и затоа е со ваква боја. Мислев дека ја утнав скрос, но за чудо едно се убаво си дојде пак. Мармалад нахнадно секако дека премачкав и на кората. Колачот беше правен за голема седенка со друштво во еден топол ден и на сите им се допадна. Всушност еден посочи дека ваков убав колач јадел во Грција и многу уживал, па додаде дека ваков убав колач не смее да нема и посебно име. Е име сепак не му дадовме : )

 Смесата се истура во намастена и набрашнета тава 25х30 и се печи на 170С околу 25 минути.

Печена се премачкува со мармаладот.

 Слатката павлака, шеќерот и ванилата се матат во шлаг и им се додава маскарпонето, па уште малку се мати се убаво да се спои.

Се премачкува кексот одозгора и се израмнува.

 Преливот се спрема по упатството. Тоа отприлика би одело вака – се раствора во 6 лажици ладна вода и малку од шеќерот. Остатокот вода и шеќер се загрева до вриење, па се трга од рингла и се меша со растворениот прелив. Повторно се враќа на рингла да зоврие. На крај, се трга од ринглата и се остава околу 5 минути со повремено мешање малку да подолади.

 За тоа време се реди овошјето врз кремот па се прелива со спремениот прелив.

 Се остава да се здрви и олади убаво, барем еден час во фрижидер пред служење.

 

  ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.

Јагода – ванила коцки

 Јагода – ванила коцки

Ова е претпоследниот рецепт од едицијата “гајба јаготки“ што ви го претставувам, но секако не по редослед. 

Рецептот го видов во една група на фб. Ме пленија прво на изглед, па потоа и по состав. 

Секако, овен како коцки овој рецепт одлично можи да се изведи и како торта во калап со откопчување. 

Додека ги спремав филовите, стравував дека ќе се многу густи. Ванилиниот затоа го преправив да не се полни лажиците со нишесте, а јагодниот иако изгледаше страшно цврст, во склопот испадна таман. 

Крајот го краси делото, па испаднаа одлични и вкусни коцки. 

Знаете дека ги делам, па тоа го потврдија и пријателите. 


Подготовка 

Кора

5 белки

5 лажици шеќер

4 лажици брашно

1 лажиче прашок за печење

За потурање на кората

150 мл ладно млеко

За фил од јаготки

0,5 кг јаготки

200 гр шеќер

250 мл вода

2 пудинзи од ванила

За фил од ванила

5 жолчки

7 лажици шеќер

2 ванила шеќер или 1 лажица ванила екстракт

0,5 литри млеко

5 рамни лажици нишесте

200 гр путер

100 гр шеќер во прав

За прелив

200 гр јаготки

2 пакетчиња прелив за торти

1 ванилин шеќер 

 


Подготовка

Белките со шеќерот се матат во цврст крем. Се намалува миксерот на најслабо и се мешаат брашното и пецивото.

Смесата се излива во намрсена и набрашнета тава за печење (користев 20х30) и се печи околу 20на минути на 180С.

Печената кора ја преливате со ладното млеко.

Во тенџере на рингла се ставаат јаготките со шеќерот и се варат додека се стопи шеќерот и јаготките пуштат сок. Потоа се паситаат со алатка. Пасирањето можи да го направите и во старт доколку користите свежи јаготки.

Штом зоврие му се додаваат пудинзите претходно растворени во вода спрема упатството, па се меша додека стани крем. Брзо згуснува, бидете спремни веднаш.

Филот го распоредуваме врз кората и веднаш го спремаме ванила филот.

За него во подлабок сад ги матиме жолчките со 1-2 лажици од шеќерот, па го додаваме густинот и 100 мл од млекото.  Остатокот од млеко и шеќер ги ставаме во тенџере на рингла до загревање пред вриење, па им ја додаваме спремената мешавина и вариме густ крем.

Откако кремот ќе излади, го мешаме со путерот претходно измиксиран со шеќерот во прав и ванилата.

Овој фил го мачкаме врз овошниот.

Сечкаме свежи јаготки на плочки и редиме врз филот, додека го чекаме преливот малку да подизлади (минутка-две) претходно спремен спрема упатството со додаден ванилин шеќер. Со преливот потураме врз наредените јаготки и оставаме да се здрви. 



©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.


Wednesday, June 9, 2021

Шеќерни јаготки

 Шеќерни јаготки 

Мислам дека во претходните постови ви кажав дека зачапавме гајба јаготки по набавна цена. 

Играрии до бесвест! :) 

И така, покрај цело задоволство, хедонизмот се пушти до даска! :) 



Си реков, што би било кога би ги замакала јаготкиве како јаболчињата? Нешто слично, сум правела и со грозје, паа...

Ќе напишам како ги стокмив, но и ќе ве опсипам со фотки, бидејќи тешко ми беше навечер да ги сликам, и не можев да селектирам малку. 

Нека, вие плакнете си очи :))) 



А, ако се прашувате оти не сум почекала за следниот ден, е тука е замката! 

Ова задоволство треба веднаш да се изеди, без пардон :))), без чекање. 

Јаготките се сочно овошје, па шеќерот со стоењето го топат. 

Така да, ова е само за хедонисти ;) 



Шеќерни јаготчиња, збеснитис :)))



Состојки 

125 гр шеќер

35 мл вода

Неколку капки киселина

1 лажиче мед

Црвена боја 




Подготовка 

Шеќерот и водата ги ставаме да зовријат. 

Им ги додавеме медот и киселината и на средно кон јак оган вариме околу 5 минути.

Ќе осетите кога ќе фати густина. 

Потоа се додава бојата, и откако ќе се соедини се трга тенџерчето од рингла. 

Веднаш се макаат претходно спремените јаготчиња, измиени и исушени, па набодени на дрвени стапчиња. 




И уште неколку фотки...
Ви реков дека ќе ве бомбандирам со нив :))) 








 ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.

 


Павлова торта

 Павлова торта 

Последното од едицијта „гајба јаготки“ беше оваа, Павлова, која последно многу се врти по фб групите со мали варијации на количлина состојки и време и температура на печење. Го избрав овој рецепт како најсигурен и како за прв пат правење. Не можи да се утки! Единствено само рерната можи да замеша прсти во перфекционизмот, а сепак никој да не сети и сите да ти кажат - какво уживање е ова! 



Состојки

За кора

150 гр белки (од 4-5 јајца, кај мене 4 XL)

250 гр шеќер во прав

1 лажица нишесте

1 лажица киселина

За фил

2 шлаг крем од ванила

300 мл млеко

Шлаг пена, сос од јаготки, црвено овошје (најдобро јаготки или малинки) 




 Подготовка

Пуштете ја рерната да се загрее на 130С.

Измерете 150 гр белки и матете ги со миксер додека згуснат.

Потоа додавајте 1 по 1 лажица шеќер во прав, така да при секое следно додавање ќе матите 30на секунди.

Кога ќе се потроши шеќерот, се мати уште 3-4 минути, па се додава нишестето и киселината и повторно уште толку матење со миксерот.

 

Во плехот од шпоретот ставаме пек-хартија и врз неа ја оформуваме основата на тортата. Тука има варијации... дали ќе направите една голема цела или повеќе мали, или пак, како мене малку поголеми од мали бидејќи по толкави сакав да подарам.

Најлесен и најбрз начин  е ако ја ставите смесата во шприц со широк отвор и нанесувате во почеток со кружни движења од онаа големина која ја посакувате, па се така во круг до центар и уште еден надворешен круг по крајот, па потоа малку со лажица да оформите вдлабнатина во средината ако сметате дека има потреба.

Рерната се намалува на 110С и се става да се печи 2 часа.

Кај мене оваа температура се покажа силна, па јас покасно намалив прво на 100, па потоа и на 90С. Секако, улога игра и за каква форма ќе с еодлучите. Дали за помали или за една голема, но во секој случај и јачината на самата рерна (која кај мене е силна).
Не се плашете за скоро време да намалите и на 100С, па покасно да регулирате со времето на отстојување во рерната.

Додека се печи, многу е важно за тоа време рерната никако да не се отвора и кога ќе ја изгасите рерната, убаво е и да ги оставите така да отстојат колку е можно подолго време, па дури и преку ноќ. 



Филовајте доколку можите најскоро пред служење и секако, во филот е најбитно да има шлаг и јаготки/малинки (или некое друго овошје ако нема можност за вакво), а другото е варијација на избор.

Во мојата логика основата на филот ја посакав со ванила, па е пакетчиња ванила шлаг крем изматив со 300 гр млеко, врз тоа имав домашно спремен густ сос од јаготки, па шлаг и овошје. 






©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.

Tuesday, June 8, 2021

Колач од гриз и јаготки

 Колач  од гриз и јаготки 

Сезона е на јаготки, па да се искористи најдобро што се можи. 

Преку пријател зедовме гајба јаготки по набавна цена и што да ви кажам...воднерленд!!! :) 

Сега ви презенирам едно колаче од едицијата „лапни-голтни“ и само уште ќе ви треба весело друштвенце за потополно уживање ;) 


Состојки 

За белиот дел

1 литар млеко

1 чаша шеќер

1 чаша гриз

1 лажица кокос

1 лажица путер

1 пакетче ванилин шеќер

За црвениот дел

1 чаша изблендирани јаготки

1 чаша шеќер

1,5 чаша вода

3 полни лажици нишесте 

чаша= 200мл 



Подготовка 

Млекото, шеќерот и гризот се варат со мешање додека зоврие,т.е. згусни смесата.

Му се додаваат и останатите состојки и се меша додека се соединат.

Смесата се излива во калап за кростата/тарт (во средината со поткренато дно) и се остава да олади. Најдобро е ако имате силиконски, ако не, претходно обложете го со стреч фолија. 



Го спремаме црвениот дел.

Во дел од водата го раствораме нишестето.

Значи, да нема забуна, чашата треба да е полна со веќе изблендираноте јаготки.

Такви, заедно со шеќерот и водата се варат и откако ќе зовијат, на средна кон висока температура се варат уште 5 минути со често мешање.

Потоа се додава раствореното нишесте и  се вари додека згусни.

Го превртуваме калапот со сварениот гриз врз рамна чинија и врз него  (во оној вдлабнат дел) се тура смесата од сварените јаготки. Искрено, мене ми прелеа над него, а како филот го имаше повеќе од доволно и остана, сакав што повеќе да ставам врз. Кога ќе подолади, се остава во фрижидер најмалку 1 час убаво да излади. 

*Доколку немате таков калап, Селма, од каде ми е рецептот, вели во округла тепсија да ставите 1 длабока чинија (од оние за сркање чорба) и брз тоа да прелиете со сварениот гриз. Потоа само ја превртувате тепсијата врз рамна чинија, ја вадите длабоката чинија што сте ја ставиле и во таа вдлабнатина полните со филот од јаготки. 



**За полесно излегување од калапот секако, не заборавајте претходно да го исплакните со ладна вода пред да го турите сварениот гриз. 



©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.

Friday, June 4, 2021

Слатко од јаготки со боз

 Слатко од јаготки со боз 

Многу сакам боз! Како дете едвај чекав комшивката која редовно правеше сок да го спреми и прва се цртав кај неа пред врата со надеж дека ќе пивнам некоја чаша од највкусниот домашен сок :) За жал, моите никогаш не правеле таков сок, па кај нема ми беше единствената шанса :))) 

Боз и ретко гледам во мое опкружување, ама најчесто како и тогаш кога бев дете, чекам некој да направи и јас да ќарам некоја голтка :))) 

Деновиве времето променливо, па не е ни многу жешко, ни многу ладно (или од двете по малку напати), па е одлично за малку шетанција. Така, еден убав ден, си го направив долгонамерениот мерак да го прочешлам со се дел од селата едното крајбрежје на Преспата. Во прекрасното село Љубојно, кое здив одзема, баш таму, во центарот или како негогаш се нарекувало средсело, порастени куп бозови дрвја! Мерак на мераците! Е, од тој боз, по рецепт на една пријателка, направив многу малку, колку за проба вакво слатко. 

Мешавината на два неодоливи вкусови, во кој секако, преовладува основниот, на јаготката. 



Состојки 

1 кг јаготки 

1 кг шеќер 

1 лимон 

4-5 цветови боз 


Подготовка 

Исчистените и измиени јаготки се ставаат во сад и се полнат со вода колку да ги покрие. Се додава сокот од лимонот и се оставаат 3 часа да отстојат. 

Потоа исцедете ги од водата и наредете ги во тенџере, ред јаготки, ред шеќер, додека се потрошат наминиците. 


Варете ги, отпенувајќи ги на појак оган најмногу 30на минути. 

10 минути пред крај, додадете ги цветовите боз исчистени од гранчињата, кој претходно сте го ставиле во истата вода со лимон во која стоеле јаготките. 

Свареното слатко покријте го со влажна пацета и оставете го така преку ноќ или додека комплено не излади. 

Проверете ја густината на шербетот и ако сметате дека има потреба потоа приварете го, па потоа соберете го во тегли. 

Јас го варев 30 минути, па го додадов бозот уште 10на минути. Немаше потреба од доварување. 



Повелете, заблажете се :) 

©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.


Слатко од јаготки II

Слатко од јаготки II 

Знам, првиот начин не е напишан овде на блогот. Тој е мој лично составен рецепт од повеќе разгледани. Ќе гледам да го напишам додека е сезоната на јаготки. Вториов начин е без додавање вода, па решив да го пробам. Авторот на рецептот од каде го видов, тврдеше дека вака спременото слатко не се расипувало. Ако остани некое тегличе (се надевам) ќе се навратам со мои видувања.  
Како и секое слатко и ова испадна одлично, особено дека пак е од јаготки, можите да си ја замислите аромата која се ширеше...





Состојки 

1 кг јаготки 

1 кг шеќер 

1 лимонтус + 1 чаша вода 

1 лимон 


Подготовка 

Лимонтусот се раствота во чаша вода и во него се ставаат дел по дел од исчистените јаготки да постојат околу 15на секунди. 

Лимонот се цеди и со него се преливаат јаготките. 

Изберете поголемо тенџере во кое ќе ги варите. Слаткото во почеток многу се пени и пената се крева многу брзо нагоре. Солидно би било она во кое 2/3 ќе ви останат празни или најмногу половина. 

Во тенџерето редете ред јаготки, ред шеќер и се така наизменично додека се потрошат намирниците. 

Јас успеав да скратам малку од шеќерот. Некаде по 100 гр на кг. 

Покриено и на ладно место се остава тенџерето преку ноќ или барем над 6 часа (т.е. онолку колку ќе е потребно за јаготките да пиштат сок). 

Слаткото се вари на силен оган 20на минути и не се меша. Само повремено можи да се протресува тенџерето. 

Се трга од оган и се покрива со влажна пацета. За 15на минути јаготките ќе пуштат сок и повторно се враќа на оган каде оставаме да врие 5-10 минути зависно колку е густината на сирупот. 

Се трга на страна и повторно се покрива со влажна пацета. Се остава убаво да излади. 

Секако, за тоа време додека се вари постојано се отпенува до самиот крај додека  се ствара пена.

Изладеното сдлатко се собира во тегли. Ако ви остани сируп повеќе, соберете го во една тегличка и употребете го за некој прелив за десерти, или за палачинки и сл. 



©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.