Friday, June 11, 2021

Јагода – ванила коцки

 Јагода – ванила коцки

Ова е претпоследниот рецепт од едицијата “гајба јаготки“ што ви го претставувам, но секако не по редослед. 

Рецептот го видов во една група на фб. Ме пленија прво на изглед, па потоа и по состав. 

Секако, овен како коцки овој рецепт одлично можи да се изведи и како торта во калап со откопчување. 

Додека ги спремав филовите, стравував дека ќе се многу густи. Ванилиниот затоа го преправив да не се полни лажиците со нишесте, а јагодниот иако изгледаше страшно цврст, во склопот испадна таман. 

Крајот го краси делото, па испаднаа одлични и вкусни коцки. 

Знаете дека ги делам, па тоа го потврдија и пријателите. 


Подготовка 

Кора

5 белки

5 лажици шеќер

4 лажици брашно

1 лажиче прашок за печење

За потурање на кората

150 мл ладно млеко

За фил од јаготки

0,5 кг јаготки

200 гр шеќер

250 мл вода

2 пудинзи од ванила

За фил од ванила

5 жолчки

7 лажици шеќер

2 ванила шеќер или 1 лажица ванила екстракт

0,5 литри млеко

5 рамни лажици нишесте

200 гр путер

100 гр шеќер во прав

За прелив

200 гр јаготки

2 пакетчиња прелив за торти

1 ванилин шеќер 

 


Подготовка

Белките со шеќерот се матат во цврст крем. Се намалува миксерот на најслабо и се мешаат брашното и пецивото.

Смесата се излива во намрсена и набрашнета тава за печење (користев 20х30) и се печи околу 20на минути на 180С.

Печената кора ја преливате со ладното млеко.

Во тенџере на рингла се ставаат јаготките со шеќерот и се варат додека се стопи шеќерот и јаготките пуштат сок. Потоа се паситаат со алатка. Пасирањето можи да го направите и во старт доколку користите свежи јаготки.

Штом зоврие му се додаваат пудинзите претходно растворени во вода спрема упатството, па се меша додека стани крем. Брзо згуснува, бидете спремни веднаш.

Филот го распоредуваме врз кората и веднаш го спремаме ванила филот.

За него во подлабок сад ги матиме жолчките со 1-2 лажици од шеќерот, па го додаваме густинот и 100 мл од млекото.  Остатокот од млеко и шеќер ги ставаме во тенџере на рингла до загревање пред вриење, па им ја додаваме спремената мешавина и вариме густ крем.

Откако кремот ќе излади, го мешаме со путерот претходно измиксиран со шеќерот во прав и ванилата.

Овој фил го мачкаме врз овошниот.

Сечкаме свежи јаготки на плочки и редиме врз филот, додека го чекаме преливот малку да подизлади (минутка-две) претходно спремен спрема упатството со додаден ванилин шеќер. Со преливот потураме врз наредените јаготки и оставаме да се здрви. 



©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.


No comments:

Post a Comment