Friday, June 11, 2021

Ќофтиња во тесто

 Ќофтиња во тесто

Еден од многуте рецепти од турската кујна кои изобилуваат со вкусотии. 

Морате да ги пробате! 



Состојки 

За тесто

380 гр брашно

½ свеж квасец

1 лажица сол

1 лажиче шеќер

200 мл млеко

1 јајце

30 мл масло

За ќофтенцата  

300 гр мелено месо

1 главица кромид

1 јајце

2 лажици презла

1 лажица масло

Вегета, црн бибер, лук во прав, италијански зачини

За одозгора

1 жолчка

20 гр доматно пире

1 лажица јогурт

30 мл масло

Магдонос

300 гр кашкавал

 


Подготовка

Од состојките за тесто со претходно активиран квасец се замесува глатко тесто, користејќи ги редоследно состојките, каде со маслото го домесувате веќе формираното тесто.

Се покрива и се остава да се накрени.

Во меѓувреме главицата кромид се ренда и заедно со состојките за ќофтенцата убаво се меси.

Оставете ја смесата околу половина час во фрижидер.

Потоа, од тестото кинете мали топченца (отприлика во големина на орев или многу малку поголеми), а исто така и од спременото мелено месо, иста бројка колку од тестото.

Секое топче расучете го во круг или расплескајте го со раце и во него ставете по едно ќофтенце. Завиткајте го кофтенцето со тестото.

Вака спремените ќофтенца во тесто се редат во подмачкана тава за печење (бр 28 чинам дека беше мојата), се оставаат 15 минути, па се премачкуваат со жолчката и на крај се ставаат да се печат на 190С. 



Откако ќе заруменат, се вадат и се премачкуваат со мешавината од доматно пире, јогурт и масло, се наросува ситно сечкан магдонос и врз него рендан кашкавалот.

Се враќа во рерна да се допечи, односно да се стопи кашкавалот одозгора.







 ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.

 


No comments:

Post a Comment