Sunday, February 27, 2022

Медотаан бомбици за „добро утро“

 Медотаан бомбици за „добро утро“ 

Овие здрави медотаанови бомбици настанаа сосема случајно кога бев намерила да го измешам Медотаанот како и секогаш на регуларен начин и да го ставам во тегличка.

Ја имам таа среќа да поседувам природни пчелини „плодови“, се чисто и органско, за кои е заслужен пред се мојот татко, па така медот знае често пати да биди густ, особено овој сега. Не зборувам за кристализиран мед. А пак, таанот не бев го смешала со неговото масло и со текот на стоењето и секако зависно од производителот се погоди солидно густ исто така. Па мешајќи ги заедно се доби една солидно густа смеса и како бев со намера овој Медотаан да го спремам со додатоци ми дојде идејата за бомбици наместо на лажиче. 

#стопвојна #мирвосветот 



Состојки 

2 лажици густ мед

3 лажици густ таан

1 лажицa полен

1 полна лажица семе од коприва

Половина лажиче јак раствор прополис и ноктец матичен млеч (незадолжително)

Околу 100 гр мелени ореви

50на гр мелен лешник

Мелен бадем за валкање на бомбиците 


Подготовка 

Најпрво се мешаат медот и таанот. Потоа се додава поленот и се остава кратко додека ги излемите јатките. Поленот можеби нема толку брзо да се стопи во смесата, но сепак добро е да му се дај малку време.

Потоа додадете го семето од коприва, измешајте, па додадете ги мелените јатки.

На крај, кој има, додадете прополис и матичен мелеч.

Млечот додадете го на самиот крај пред да оформувате, да не допира  долго време на светлина за да не ги губи неговите својства.

Мерките не се обавезни. Идејата е битна. Додадвајте состојки во однос на потребната густина за да можите да оформите бомбица. Како кажав, соодносот на состојките пред се зависи од густината на медот и таанот, па ако има потреба додадете уште млаку мелен орев, бадем, лешник, што сакате.

На крај оформените бомбици извалкајте ги во грубо мелен бадем, ставете ги директно или во хартиени корпиња во темен сад со капак и чувајте ги во фрижидер доколку е топло времето за да не ви се отпуштат и омекнат.

Вадете си по потреба и по желба, но ви препорачувам по една на гладно за Добро утро и добро здравје.

Медовите произвиди сите знаеме колку се корисни, а додатоците овде уште и поволни за дишните патишта од таанот, за јачање на крвта од семето од копривата 



©Фотографиите се авторски. Забрането е нивно преземање без согласност на авоторт. 

Мафини со праз и маслинки

 Мафини со праз и маслинки 

Нешто солено и набрзина за мојот роденден беа овие мафини кои испаднаа прекрасно вкусни. 

И сето задоволство кое сакам да со прикажам со зготвеното не е потполно знаејќи дека тука некаде на континентот стартуваат ужасни немири кои секако можат да се одразат во светски рамки доколку не се најди решение. Затоа, со надеж (додека стивнат) на моите објави решив да стојат следниве хаштази, оти од мир и здравје ништо поарно нема. 

#мирвосветот #стопвојна 

Се надевам дека и вие со вашите објави ќе го следите примерот со тронка надеж дека можеби ќе допри до воините ако веќе не можиме поинаку како да спречиме...



Состојки 

3 јајца

100 гр кисела павлака

100 мл  јогурт

150 мл масло

1 лажиче сол

150 гр пченкарно брашно

150 гр пченично брашно

1 пециво

200 гр сирење

100 гр сечкани црни маслинки

1 шолја ситно сечкан праз

За одозгора 

Семиња: сусам, чурек, лен, ким, сончогледови семки...


 



 Подготовка 

Со жица за матење најпрво се разматуваат јајцата, па солта, јогуртот, киселата павлака и маслото.

Празот и маслинките исечкајте ги, а сирењето се  дроби, па се додадава во смесата.

На крај, се мешаат барашната со пецивото и се додаваат со мешање додека смесата стани еднолична.

Полнете ги калапите за мафини со смесата, а одозгора ставете од семињата.

Печете на 180С околку 25 минути, односно дедека не добијат блага боја одозгора и на допир покажуваат дека се цврсти и испечени во средината. 


 

*Солените мафини, особено пченкарните препорачувам да ги печите во силиконски калапчиња, иако јас сепак во книжни ги испеков овие. Но, доколку сакате додека се пресни да не ви се лепи кората на хартијата, пробајте да ги премачкате хартиените корпиња со малку масло. 








©Фотографиите се авторски. Забрането е нивно преземање без согласност на авоторт. 


Ролати со мелено месо печени на рингла

 Ролати со мелено месо печени на рингла

Ќе се заљубите го залачињава ако ги пробате. А толку лесно и брзо се спремаат, исто како и што на топли кога наваливме да ги изедиме.  Жалам што сликите не се толку успешни да ја доловат неговата вистинска вкусотија, но се мораше брзо да се работи кога е глад и убава миризба на јадењето во прашање. Две парчиња успеаа да постојат и изладат за да можам покасно барем пресек да сликнам попристојно иако и тогаш пред гости.



Потребно 

За тесто

200 гр брашно

1 прашак за печење

5 гр сол

20 мл млеко

20 мл масло

150 гр кисела павлака

За фил

250-300 гр мелено месо

150 гр кашкавал

1 јајце

1 главица кромид

20 гр магдонос

Сол и зачини – сув зачин, пимент или бибер, прованса или италијански зачини


 

Подготовка

Во сад ставете ги сувите состојки за тесто. Измешајте и додадете ги водените, па замесете глатко тесто.

Тестото покријте го и оставете го 15 минути да одмори.

За тоа време спремете го филот.

Исечкајте ги кромидот и магдоносот ситно, а кашкавалот изрендајте го .

Сите состојки додадете ги во еден сад и измешајте или измесете ги убаво.

Одмореното тесто расучете го на набрашнета површина во правоаголник.

Премачкајте го со филот од мелено месо и завиткрајте го во ролат.

Ролатот исечете го на парчиња со дебелина од околу 3 см.




Секое исечено парче малку сплескајте го од страните на филот и редете ги во поголема тава (да си собери сите, добра е бр 28) во која сте ставиле 1,5 ракиена чаша масло (отприлика). 


Пржете ги на умерена сила на ринглата додека заруменат и потоа превртете ги од другата страна. Додајте 50-60 мл вода и покријте ги со капак. Така динстајте ги 20 минути на ниска температура (најмногу на третина од вкупната јачина на ринглата). 



Послужете ги со павлата одозгора. 








©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 


Домашна посебна пилешка салама

 Домашна посебна пилешка салама 

Ваквата салама на јадење многу потсетува по вкус на една паштета која се рекламира како поприродна за разлика од другите.

Пробајте, верувам дека ќе ви се допадни и вам да имате домашна салама без адитиви и емулгатори.




Состојки

0,5 кг пилешки стек

2 ловоров лист

700 мл вода

1  лажиче и малку  сув зачин

1/2 лажиче пимент

6-7 зрна црн бибер

5-6 лажици сок од конзервирано цвекло

2 пакетчиња (20гр) желатин

 


Подготовка 

Стекот е вари со ловоровиот лист најмалку 30на минути во поклопено тенџере.

Потоа се сечка на парчиња, му е додаваат зачините и 2/3 од водата во која се вареше. Се става во бледнер и се блендира. 



Откако ќе стани каша, се додава постепено последната третина вода и се внимава густината да е како густ јогурт (слична како битолскиот во ладна состојба). Значи 700 мл е репер кој можи да е малку повеќе или помалку во зависност од потребната опишана густина. 




Пред да почните да блендирате ставете го желатинот во шолја со 50на мл вода да желира. По 10 минути растопете го така што ќе додадете дел од жешката вода во која се варело пилешкото. Мешајте потполно да се стопи. Додадете го кон крајот на мешањето на смесата за паштета заедно со сокот од цвеклото кој ќе му даде освен убав шмек во вкусот и боја како на купечките салами.

 



За поубав вкус, вода додавајте од онаа во која се варел стекот. Доколку не ви стигни додавајте на крај обична вода.

Доколку не е солен сувиот зачин додадете и сол спрема вкусот. Всушност на крајот течноста пробајте ја и за дотерување со зачините по ваша желба и вкус. 



На крај истурете ја добиената смеса во пластично шише. Ако сакате послаба салама во дијаметар, употребете полкилски шишиња (ќе ви требаат две), или во едно литарско. 


Оставете потополно да олади и потоа ставете го во фрижидер неколку часа. 








 ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.