Sunday, February 27, 2022

Медотаан бомбици за „добро утро“

 Медотаан бомбици за „добро утро“ 

Овие здрави медотаанови бомбици настанаа сосема случајно кога бев намерила да го измешам Медотаанот како и секогаш на регуларен начин и да го ставам во тегличка.

Ја имам таа среќа да поседувам природни пчелини „плодови“, се чисто и органско, за кои е заслужен пред се мојот татко, па така медот знае често пати да биди густ, особено овој сега. Не зборувам за кристализиран мед. А пак, таанот не бев го смешала со неговото масло и со текот на стоењето и секако зависно од производителот се погоди солидно густ исто така. Па мешајќи ги заедно се доби една солидно густа смеса и како бев со намера овој Медотаан да го спремам со додатоци ми дојде идејата за бомбици наместо на лажиче. 

#стопвојна #мирвосветот 



Состојки 

2 лажици густ мед

3 лажици густ таан

1 лажицa полен

1 полна лажица семе од коприва

Половина лажиче јак раствор прополис и ноктец матичен млеч (незадолжително)

Околу 100 гр мелени ореви

50на гр мелен лешник

Мелен бадем за валкање на бомбиците 


Подготовка 

Најпрво се мешаат медот и таанот. Потоа се додава поленот и се остава кратко додека ги излемите јатките. Поленот можеби нема толку брзо да се стопи во смесата, но сепак добро е да му се дај малку време.

Потоа додадете го семето од коприва, измешајте, па додадете ги мелените јатки.

На крај, кој има, додадете прополис и матичен мелеч.

Млечот додадете го на самиот крај пред да оформувате, да не допира  долго време на светлина за да не ги губи неговите својства.

Мерките не се обавезни. Идејата е битна. Додадвајте состојки во однос на потребната густина за да можите да оформите бомбица. Како кажав, соодносот на состојките пред се зависи од густината на медот и таанот, па ако има потреба додадете уште млаку мелен орев, бадем, лешник, што сакате.

На крај оформените бомбици извалкајте ги во грубо мелен бадем, ставете ги директно или во хартиени корпиња во темен сад со капак и чувајте ги во фрижидер доколку е топло времето за да не ви се отпуштат и омекнат.

Вадете си по потреба и по желба, но ви препорачувам по една на гладно за Добро утро и добро здравје.

Медовите произвиди сите знаеме колку се корисни, а додатоците овде уште и поволни за дишните патишта од таанот, за јачање на крвта од семето од копривата 



©Фотографиите се авторски. Забрането е нивно преземање без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment