Sunday, February 27, 2022

Домашна посебна пилешка салама

 Домашна посебна пилешка салама 

Ваквата салама на јадење многу потсетува по вкус на една паштета која се рекламира како поприродна за разлика од другите.

Пробајте, верувам дека ќе ви се допадни и вам да имате домашна салама без адитиви и емулгатори.




Состојки

0,5 кг пилешки стек

2 ловоров лист

700 мл вода

1  лажиче и малку  сув зачин

1/2 лажиче пимент

6-7 зрна црн бибер

5-6 лажици сок од конзервирано цвекло

2 пакетчиња (20гр) желатин

 


Подготовка 

Стекот е вари со ловоровиот лист најмалку 30на минути во поклопено тенџере.

Потоа се сечка на парчиња, му е додаваат зачините и 2/3 од водата во која се вареше. Се става во бледнер и се блендира. 



Откако ќе стани каша, се додава постепено последната третина вода и се внимава густината да е како густ јогурт (слична како битолскиот во ладна состојба). Значи 700 мл е репер кој можи да е малку повеќе или помалку во зависност од потребната опишана густина. 




Пред да почните да блендирате ставете го желатинот во шолја со 50на мл вода да желира. По 10 минути растопете го така што ќе додадете дел од жешката вода во која се варело пилешкото. Мешајте потполно да се стопи. Додадете го кон крајот на мешањето на смесата за паштета заедно со сокот од цвеклото кој ќе му даде освен убав шмек во вкусот и боја како на купечките салами.

 



За поубав вкус, вода додавајте од онаа во која се варел стекот. Доколку не ви стигни додавајте на крај обична вода.

Доколку не е солен сувиот зачин додадете и сол спрема вкусот. Всушност на крајот течноста пробајте ја и за дотерување со зачините по ваша желба и вкус. 



На крај истурете ја добиената смеса во пластично шише. Ако сакате послаба салама во дијаметар, употребете полкилски шишиња (ќе ви требаат две), или во едно литарско. 


Оставете потополно да олади и потоа ставете го во фрижидер неколку часа. 








 ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 




No comments:

Post a Comment