Sunday, February 27, 2022

Мафини со праз и маслинки

 Мафини со праз и маслинки 

Нешто солено и набрзина за мојот роденден беа овие мафини кои испаднаа прекрасно вкусни. 

И сето задоволство кое сакам да со прикажам со зготвеното не е потполно знаејќи дека тука некаде на континентот стартуваат ужасни немири кои секако можат да се одразат во светски рамки доколку не се најди решение. Затоа, со надеж (додека стивнат) на моите објави решив да стојат следниве хаштази, оти од мир и здравје ништо поарно нема. 

#мирвосветот #стопвојна 

Се надевам дека и вие со вашите објави ќе го следите примерот со тронка надеж дека можеби ќе допри до воините ако веќе не можиме поинаку како да спречиме...



Состојки 

3 јајца

100 гр кисела павлака

100 мл  јогурт

150 мл масло

1 лажиче сол

150 гр пченкарно брашно

150 гр пченично брашно

1 пециво

200 гр сирење

100 гр сечкани црни маслинки

1 шолја ситно сечкан праз

За одозгора 

Семиња: сусам, чурек, лен, ким, сончогледови семки...


 



 Подготовка 

Со жица за матење најпрво се разматуваат јајцата, па солта, јогуртот, киселата павлака и маслото.

Празот и маслинките исечкајте ги, а сирењето се  дроби, па се додадава во смесата.

На крај, се мешаат барашната со пецивото и се додаваат со мешање додека смесата стани еднолична.

Полнете ги калапите за мафини со смесата, а одозгора ставете од семињата.

Печете на 180С околку 25 минути, односно дедека не добијат блага боја одозгора и на допир покажуваат дека се цврсти и испечени во средината. 


 

*Солените мафини, особено пченкарните препорачувам да ги печите во силиконски калапчиња, иако јас сепак во книжни ги испеков овие. Но, доколку сакате додека се пресни да не ви се лепи кората на хартијата, пробајте да ги премачкате хартиените корпиња со малку масло. 








©Фотографиите се авторски. Забрането е нивно преземање без согласност на авоторт. 


No comments:

Post a Comment