Saturday, January 15, 2022

Шишарки

 Шишарки 

Колку ми е чуден зборот шишарки хаха...ние во Битола цел живот кукулички си ги викаме, но ајде, насловот за да разберат сите што сакал да раскажи авторот :) 

Имам рецепт многу постар за шишарки (ќе биди и тој кога ќе му дојди монентот) од овие кои се прават од зрнести чоколадни житарки, но овие се веќе 3де верзија :) Многу шармантни на изглед и автентични на трпезата за симските празници. 

Можи да ги направите од било кој рецепт за бомбици кои се поцрврсти за оформување. 




Состојки 

Чаша = 150 мл

2 чаши шеќер

1 чаша вода

125 гр маргарин

100 гр какао

300 гр мелени бисквити

1 рендана кора од портокал

1 портокал шеќер

50 гр крупно мелени ореви

 

Чоколаден корнфлекс 



 Подготовка 

Зовријте ги шеќерот и водата. Намалете ја температурата и додадете го маргаринот и какаото.

Откако ќе се соединат, тргнете од рингла и додадете ја кората од портокал и портокал шеќерот.

По неколку минути, кога малку ќе подолади, додадете ги оревите и бисквитите. Додколку има потреба за цврстина додадете од бисквитите или ореви.

Оставете смесата да олади. Па формирајте конусни облици. Ставете ги во замрзнувач да се стегнат на 15на минути и потоа редете ги со чоколаден корнфлекс.

Послужете ги попрскани со шеќер во прав. 



 ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment