Wednesday, November 23, 2022

Карамел dulce de leche од засладено кондензирано млеко

Карамел dulce de leche од засладено кондензирано млеко 

Се трудам да го најдам најзгодниот назив за ова фаворитно кремче кое е толку неодоливо и вкусно што едноставно додека се вкусува навираат емоции... лебдење :) 

Одлично е за премачкување на прочуениот кекс Трилече, за во палачинки, за филовање на колачи, торти... едноставно за се. Му дава млечно карамелест вкус и посебно уживање на десертите :) 



Потребно

Конзерви со кондензирано млеко по желба

Вода по потреба


 

Подготовка

Во тенџере ставете ги конзервите со кондензирано млеко, претходно исчистени од етикетите.

Конзервите доколку ви е позгодно можи да ги сместите легнати.

Налејте вода еден прст над конзервите, да ги покрива.

Водата можи да е и загреана и ладна. Доколку е ладна времето за варење се продолжува за уште половина час. Јас ставив солидно топла вода од бојлер.

Варете на средна температура 2 часа. 



Важно е кога и ако водата испари да се дотури вода да ги покрива лименките и јачината на ринглата да ја подесите да има константно клокотење, варење на водата, т.е. водата на рингла да е над 100 степени. Доколку имате капак за тенџерето, ќе ви заштеди дотурање на вода која не треба да е ладна. Јас во тие два саати дотурив само еднаш. 





Кога ќе ја отворите лименката карамелот ќе е цврст, т.е. покомпактен. Измешајте го убаво за да добие кремаста структура. 






©Фотографиите се авторски. Забрането е нивно преземање без согласност на авоторт.








No comments:

Post a Comment