Thursday, December 23, 2021

Посни мафини со јаболка наречени 4,3,2,1

 Посни мафини со јаболка наречени 4,3,2,1

Едни од изборот за посни колачи за гостите за посна слава беше овој, чиј изворен рецепт е во форма на кекс, но јас решив дека во форма на мафини ќе е многу позгодно и полично и за гостите и за моето време, така да, состојките внимателно ги изменив и ги прилагодив, па дојдоа, барем кај мене, за точно 12 мафини.

 

Инаку, овој колач е од оние запишаните во тефтерите од нашите баби, а името го носи спрема бројот на состојки со кои се започнува, додека останатите се сметаат како ситни додатоци на основата. 


Состојки

Чаша=180 мл

4 средни  јаболка

3 чаши брашно

2 чаши шеќер

1 чаша масло

1 лажиче пециво

1 лажиче сода бикарбона

3 лажички цимет

½ лажиче каранфилче

Сок од ½ лимон

1-2 раце сечкани ореви 



Подготовка 

Многу просто и едноставно. Сите состојки се мешаат со лажица.

Најголем напор во сиот рецепт е да се излупат и изрендаат јаболката. 

Со смесата полнете ги калапите за мафини на кои сте ставиле претходно хартиени корпиња и печете во загреана рерна на 200С околу 20на минути. 




©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment