Thursday, December 23, 2021

Корнфлекс колачи со сусам, мед и ореви

 Корнфлекс колачи со сусам, мед и ореви 

 Прекрасен пандан на старите добри и обожавани Шишарки или Кукулички како ги викаме ние во Битола, кој за разлика од нив овде има во секој загриз крцкава структура и е исто толку заразен за јадење. Предноста е плус во тоа што не губите време со калапење, ами се се истура и потоа се сечи. Мераци! 


Состојки

200 гр потпечен сусам

220 гр чоколадо

220 гр маргарин

120 гр шеќер

260 гр мед

100 гр сечкани, дробени или толчени ореви

250 гр корнфлекс

 

Подготовка 

Во суво тавче потпечете го сусамот.

Корнфлексот издробете го со рацете да е поситен.

Ставете ги во тенџерче шеќерот, медот и маргаринот да се стопат и соединат на средна температура.

Во вангла ставете го корнфлексот и оревите. Ореви доколку сакате можи да додадете и дупло, а исто така кој сака (ние не го јадиме) можи да додаде и 100 гр суво грозје или брусница. Тргнете 50-60 гр од сусамот на страна и останатиот додадете го тука.

Измешајте и додајте ги стопените состојки. 


Повторно убаво измешајте и смесата истурете ја во плех обложен со пек-хартија и убаво со раце или алатка натиснете ја смесата да се збие и израмни насекаде.  

На крај посипете насекаде одозгора со сусамот ој го тргнавте на страна и убаво натапкајте го да се залепи со смесата.

Оставете да неколу часа да се здрви подобро и исечете ја на коцки, штангли или ромбови. 




©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment