Thursday, November 11, 2021

Пити - мафини со сирење

 Пити - мафини со сирење 

Се јавува снашката и ми вели Задушница е в сабота. Не сум по овие работи јас, но одам за атерот на блиските, во случајот за татко ми. И секогаш гледам да однесам нешто домашно, солено и благо. 

Корите во фрижидерот сами се имаа забораено. Не сакам повторливи работи, а ги земам за ете, да се најдат као. И овој пат совршено се најдоја како пити во форма на мафини. 




Состојки

400 гр кори за пита

400 гр изварка

3 јајца

100 мл масло

200 мл јогурт

½ пециво

½ лажиче сол или по потреба

Сусам за посип 


Подготовка 

Корите како што се завиткани во ролна исечете ги на парчиња од 1 см. Растресете ги убаво лентите.

Останатите состојки убаво измешајте ги и  во нив додадете ги растресените ленти од кори. Измешајте убаво. Не смее ни една сува да остани. (Доколку од некоја причина не ви е доволно течност заради тоа, додадете уште малку јогурт). 



Намрсете ги калапите за мафини и полнете ги со смесата(препорачувам силиконски). Одозгора наросете сусам и оставете ги 10на минути пред печење.

Печете на 200С 30на минути, односно додека фино не поруменат. Времето на печење зависи од длабината на калапите.





 

 ©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 


No comments:

Post a Comment