Monday, November 22, 2021

Пудинг од тиква со мандарини

Пудинг од тиква со мандарини  

Спојот на тиква и мандарина ќе ве воодушеви во ојој кремаст десерт каде е додаден и вкусот на чоколадото. Одлична комбинација за уживање. 


Состојки

150 гр варена тиква

250 мл млеко

55 гр нишесте

70 гр шеќер

3 мандарини

Прстофат сол

Прстофат цимет

 

Инстант пудинг од чоколадо

 





Подготовка

Исцедете ги мандарините, а од едната изрендајте ја и кората.

Измешајте го млекото шеќерот и нишестето и сварете крем.

Тргнете од  ринглата и додајте ја пасираната тиква, прст сол и прст цимет ако сакате и на крај сокот и кората од мандарините.

Кога се ќе се соедини вратете на рингла и мешајте додека не проврие.

Пудингот распоредете го во мали чаши, оставете да олади прво на собна температура па потоа еден час во фрижидер пред да го послужите. 




Јас решив да го сервирам со инстант пудинг од чоколадо, подготвен спрема неговото упатство. Дојде одлична комбинација! Иако и самиот пудинг од тиква и мандарини сите многу вкусно и пријатно не изненади. Ви го препорачувам обавезно кога ќе имате тиква и мандарини дома да го пробате.

Одозгора украсете со коцки печена тиква. Мојата беше варена, но со помош на дехидраторот на Делимано си направив совршени потсушени коцки за украс. Секако, можи и мандарини. Мелен орев, цимет и т.н. 




Една забелешка... Мене ми требаше да додадам уште една лажица од нишестето. Мандарини имав од големите, па можеби се собра повеќе сок, а и тиквата ми беше варена. 



©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 


No comments:

Post a Comment