Tuesday, March 16, 2021

Урмашици на чешел, полнети со ореви

 Урмашици на чешел 
полнети со ореви 

Не сум некој традиционален човек, но традиција ми е кога имаме заеднички ручек со блиските од мене да се десертите, па така се трефнаа на избор овие Урмашици да ги нагодам со традицијата за нешто на шербет за празникот Прочка и чешелот кој пред месеци го купив за да конечно ги пробам. Ги видов на блогот “Здравојассумалександра“, верувам во нејзините рецепти, па од поголемиот избор се одлучив за нејзиниот со тоа што решив во шербетот да додадам ванила и внатре да ги полнам со мелен орев и не згрешив, полн погодок ;) 



Потребно 

*мера: филџан 90 мл 

За тесто 

 2 јајца 

2 филџани шеќер 

2 филџани масло 

(3 гр) 1 рамно лажиче за чај прашок за печење 

430 гр брашно 


грст ореви (да се сомелат. крупно поубаво) 

80 гр бадеми 


За шербет 

9 филџани вода 

5 филџани шеќер 

1 ванилин шеќер 


Подготовка

Јајцата разматете ги и измешајте ги со шеќерот.

Додадете го маслото, измешајте, па мал дел од брашното и пецивото и мешајте со дрвена лажица при што постепено ќе додавате од брашното и ќе мешате додека смесата не дојди за месење. Потоа со рака измесете глатко тесто. Во зависност од големината на јајцата брашното можи да варира, па додајте за почеток до 400 гр и потоа со месење ќе внимавате да добиете мазно тесто, глатко, да не е пресуво. 



Од тестото кинете парчиња со тежина од 20 гр (големина колку орев) и обликувајте ги во топчиња.

 

Ни треба нов чешел, голем со крупни запци, измиен за обликување на овие колачи.

Од обликуваното топче се сучи ваљак со должина колку запците на чешелот. Се става врз него и нежно се расплескува по неговата површина.

 

Оревите кај мене се мелени, но ви предлагам крупно да ги измелите за подобар ефект.

Врз расплесканото тесто на чешелот во должина наросете од мелените ореви и потоа краевите собирајте ги со рака и спојувајте ги. Благо излизгајте го свитканото ваљаче од чешелот и завиткајте го како потковица, па спојте ги краевите.

 

Обликуваните урмашици редете ги во намрсен плех, а во средината ставете по еден бадем.

Печете ги на 180С 20на мин.



 

Во меѓувреме спремете го шербетот. Ставете ги водата и шеќерот во тенџере да зовријат и нека вријат 5 мин. Тргнете и додадете ја ванилата. Измешајте да се соедини.

 

Топлите печени урмашици се преливаат со топол шербет.


 




*Не ги оставајте долго во шербтот, само додека впијат (за отприлика нецел саат време, ќе пробате), па преместете ги во друг плех и дел од шербетот зачувајте ако има потреба да се дотури врз некои (нема, ама сепак во една чаша зачувајте си). 









* Фотографиите се авторски. Забрането е превземањето на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment