Saturday, March 20, 2021

Брза фокача со млад кромид, домати и маслинки

 Брза фокача со млад кромид, домати и маслинки

Многу ги сакам брзите работи, иако знам да се зацапам во некој „проект“ со денови. Знаеме дека Фокачите бараат повеќе време за да се спремат, а оваа е експресно брза и е Фокача! Плус, многу вкусна 😋



Состојки 

400 гр брашно

20 гр квасец или 1 пак сув (1 полно лажиче)

200 мл млака вода

Нецело мало филџанче масло

1 лажиче сол

1 рамно лажиче шеќер

 

2 млади кромитчиња со се зелените перца

1 младо лукче (ако сакате)

1 домат

Неколку маслинки

Крупна сол, оригано и маслиново масло 


Подготовка

Во млаката вода растворете го квасецот со шеќерот и малку брашно. Оставете го да запени, потоа со сите состојки замесете меко глатко тесто. Мене ми требаше уште малку вода, но тоа веројатно зависи и од типот на брашното како и млакоста на водата.

 Премачкајте го со масло да не лепи, покријте го и иставете го 20 мин да нарасни.

Потоа извадете го тестото од вангла и раплескајте го во тепсија (користев 28) обложена со пек-хартија до самите рабови.


 Со помош на рачка од дрвена лажица направете дупчиња во тестото и наредете ја со ситно сечкан кромид, тенки парчиња домати (секако и шери доматчиња одлично би се вклопиле овде наместо стандардите) и наредете маслинки.

На крај посолете со крупна сол и оригано и попрскајте или премачкајте ја со маслиново масло.

 Покријте ја и оставете ја уште 20 минути, па печете ја во загреана рерна на 200С  околу 40на минути.





* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment