Friday, March 19, 2021

Чоколадни пеперминт After eights колачиња

 

Чоколадни пеперминт After eights колачиња

Малку деликатни се за спремање и не е лесно да се добие финалниот изглед, но вреди да се пробаат во секој случај, особено дека не се класични и вообичаени колачиња. 

Добро е откако ќе ги спремите да ги чувате во фрижидер во затворена кутија за да не примаат влага. 



Потребно 

450 гр шеќер во прав

120 гр филаделфија сирење

1 лажичка проѕирен пеперминт екстракт (25 гр екстра јаки пеперминт бомбони, види фото)

100 гр чоколадо за готвење

Ситни шеќерни перли за украс



Подготовка 

Ментол бомбоните измелете ги до прав и заедно со сирењето и шеќерот во прав кремасто изматете ги.

 Обложете еден плех со пек-хартија и со набрашнети раце со шеќер во прав правете мали бомбици и редете ги врз него.

 Потоа со некое кружно лажиче или алатка, или со прст ако немате никакво направете вдлабнатини во средината.

 Покријте ги со влажна крпа или со целофан и ставете ги во фрижидер 1-2 часа да се сврднат. Јас ги кладов во замрзнувачот, не е проблем.

 Потоа се топи локоладото и вдлабнатините се полнат со него, а одозгора кој сака се наросуваат со шеќерни шарени перли. 



Малку се деликатни овие колачиња, треба да се чуваат во фрижидер, по мое мислење ако имате од оној со самоодржување е најзгодно да ги оставите така непокриени бидејќи тој најсолидно ќе ги исуши. За јадење се вадат непосредно пред тоа, не се погодни многу да стојат на собна температура. 




* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment