Saturday, March 20, 2021

Сутлијаш коцки

 Сутлијаш коцки 

Десертите со варијации на Сутлијаш ми се многу драги и вкусни. Ретко кој не сака Сутлијаш, како на пример моите деца никогаш не го вкусиле и не можам да ги натерам, но за вистинските сладокусци на овој десерт, овие коцки се полн погодок! ;) 



Потребно 

1 литар млеко

200 гр ориз

1 пакетче желатин

200 мл слатка павлака

1 кутија (450 гр) црно – бел крем

 

Уште

250-300 гр бисквити

100 мл слатка павлака или 1 пакетче шлаг крем 


Подготовка

На дното на тенџерчето се сипува малку вода, колку да го прекрие. Кога ќе зоврие се додава млекото. Кога и тоа ќе зоврие се додава оризот и се вари со повремено мешање, особено на крај. Отприлика потреби се 20на минути.

 Во сварениот Сутлијаш се додава претходно набабрениот желатин и убаво се меша.

Се остава убаво да олади.

 Во оладениот Сутлијаш се меша претходно изматената слатка павлака и се дели на 2 дела.

Во едниот се додава белиот, а во другиот црниот крем.



 Калап 20х20 се реди со бисквити кои можи да се намакаат во млеко (јас не ги макав), па се става половина од белиот крем, бисквити – половина од црниот крем, бисквити остатокот од белиот крем и бисквити и остатокот од црниот крем.

 Одозгора се премачкува со слатка павлака или шлаг крем спремен спрема упатството.



 Редоследот на црн и бел крем можи да го смените, ако се одлучите најгоре за шлаг крем од ванила или чоколадо, со тоа што се запазуваат шарите на слоевите да се различни.

 Се остава преку ноќ се убаво да се стегни и спои, па се сечи на коцки. 




 

* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment