Saturday, March 20, 2021

Свинска удина во ловечки сос

 Свинска удина во ловечки сос 

Кога патувам надвор од државата јас гледам таму тоа што нема кај нас, да пробам, да вкусам нешто што не сум пробала. И се враќам со продукти кои ги нема кај нас. Во принцип тоа ми е повратниот багаж, друго многу ретко купувам, а во мислите и срцето спомените од местата ми се најомиленит повратен багаж и секако, многу фотки :) 
Така, во едно патување до ГерманијаТА, меѓу другото го купив и овој сос со уште некои други такви. Па, вака се искористи... on my way




Потребно 

0,5 кг свински бут

350 мл пиво

½ коцка за супа

1 лажиче црвен пипер

На врв на лажиче лук во прав

На врв на лажиче енибар

½ лажиче оригано

½ лажиче сол

1 пакетче ловечки сос  Jägersauce

1 полно лажиче сало или 3-4 маслиново масло 


Подготовка 

Исечете го месото на ситни парчиња околу 2 - 2,5 см. Ставете го во тенџере на рингла заедно со свинската маст или маслото и запржете го од сите страни откако ќе му испари водата ако ја испушти.

 Додадете црвен пипер, измешајте и веднаш потоа налејте го пивото. Можеби ќе ви треба и 50 мл повеќе. Важното е дека треба да го покрива цело месо. Потоа намалете ја температурата, покријте го со капак и оставете го да динста додека скоро цела течност не му испари.

 По половина час откако ќе го покриете, отворете да видите до каде се наоѓа течноста во тенџерето. Доколку е при крај, додадете ги зачините, измешајте и за кратко, неколку минути, тргнете од шпорет.

 Послужете со некој сос кој имате купено или ако немате, тогаш една идеја која ме поведе користејќи го овој Ловечки сос... направете малку погуста купечка крем супа од печурки. 



* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

No comments:

Post a Comment