Saturday, March 20, 2021

Бесквасен млечен леб

Бесквасен млечен леб  

Кога започна пандемијата, пред скоро точно една година, стана хаос за тоалетна и брашно. Луѓето во паника решија леб дома да си месат, па полициски час, па страв од зараза со гибањето, на меѓу нив и такви кои никогаш не меселе леб, па овој рецепт без квасец беше одлично решение и за нив и секако за сите. Мене лично ми годи на желудник, а вкусен, превкусен и брз да се направи...и секако, со лична форма за око. 



Потребно 

480 гр брашно

1 пециво

1 лажиче сол

Прстофат шеќер

100 мл масло или 100 гр сало (или комбинирано)

300 мл млеко

За мачкање

1 јајце

Сусам



Подготовка 



Се мешаат сувите состојки.

Млекото се загрева до млако и во него се додава маслото (салото) да се спои.

Во вангла се истура млакото млеко и се додава половина од сувите состојки.  Се меша со лажица околу 2 минути.

Потоа повоторно се додава половина од сувите состојки и повторно околу 2 минути се меша со лажица.

На крај се додава и остатокот и се меси со рака убаво тесто на работната површина.

Зависно од состојките можи да ви остани малку брашно на неа.

Се расплескува или расукува правоаголна кора со дебелина од еден прст, се засекува лево и десно и се плети како плетенка.

Се премачкува со разматено јајце и се поросува со сусам.

Се печи на 200С 30 минути. Доколку ви е силна рерната последните 10на покријте одозгора со хартија.

Исклучете ја рерната и оставете покриено 10 мин во исклучена рерна.

Лебот завиткајте го во кујнска крпа и оставете потополно да се излади пред да го сечите.

 





* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 



No comments:

Post a Comment