Saturday, March 20, 2021

Свинска удина во ловечки сос

 Свинска удина во ловечки сос 

Кога патувам надвор од државата јас гледам таму тоа што нема кај нас, да пробам, да вкусам нешто што не сум пробала. И се враќам со продукти кои ги нема кај нас. Во принцип тоа ми е повратниот багаж, друго многу ретко купувам, а во мислите и срцето спомените од местата ми се најомиленит повратен багаж и секако, многу фотки :) 
Така, во едно патување до ГерманијаТА, меѓу другото го купив и овој сос со уште некои други такви. Па, вака се искористи... on my way




Потребно 

0,5 кг свински бут

350 мл пиво

½ коцка за супа

1 лажиче црвен пипер

На врв на лажиче лук во прав

На врв на лажиче енибар

½ лажиче оригано

½ лажиче сол

1 пакетче ловечки сос  Jägersauce

1 полно лажиче сало или 3-4 маслиново масло 


Подготовка 

Исечете го месото на ситни парчиња околу 2 - 2,5 см. Ставете го во тенџере на рингла заедно со свинската маст или маслото и запржете го од сите страни откако ќе му испари водата ако ја испушти.

 Додадете црвен пипер, измешајте и веднаш потоа налејте го пивото. Можеби ќе ви треба и 50 мл повеќе. Важното е дека треба да го покрива цело месо. Потоа намалете ја температурата, покријте го со капак и оставете го да динста додека скоро цела течност не му испари.

 По половина час откако ќе го покриете, отворете да видите до каде се наоѓа течноста во тенџерето. Доколку е при крај, додадете ги зачините, измешајте и за кратко, неколку минути, тргнете од шпорет.

 Послужете со некој сос кој имате купено или ако немате, тогаш една идеја која ме поведе користејќи го овој Ловечки сос... направете малку погуста купечка крем супа од печурки. 



* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

Залеана компир пита со готови кори

Залеана компир пита со готови кори 

Моето мислење дека фалените пити со компир се само скроб и не се вкусни со оваа пита се смени. Не е доволно само да се држиме до своето мислење без прво да пробаме :) 



Потребно 

1 пакетче готови кори за пита

1 кг компири

3 главици кромид

Сол, црн бибер

За прелив

250 мл вода

1 лажичка масло

½ лажиче сол 


Подготовка

Компирите се лупат и се рендаат, а кромидот ситно се сечка. Малку се посолува и се става црн бибер. Јас ставив и оригано малку, а неместо црн бибер, енибар. Се убаво се меша. 

Секоја кора се попрскува со малку масло, па се става од филот и се витка во ролна. Спрема рецептот филот требаше да е распрскан низ целата кора, но јас, ете така ми дојде и го ставив на почетоткот па виткав. Нема некој проблем, но сепак во следни прилики би претпочитала на другиот начин. 


Корите се редат во намастена тава, која ако изберите со кружна форма можи да ги виткате и во лик на мазник. 

Одозгора се попрскуваат со малку масло и се печат на 200С малку да поруменат. 

Јас сусам многу сакам, па ја поросив и со него. 



Во меѓувреме се спрема преливот. Водата се зоврива и се додаваат маслото и солта и се меша убаво.

Се прелива врз потпечените кори секаде рамномерно и се допекува додека се впие преливот. Јас ја покрив со фолија пред крај и оставив да допечи дури и откако ја исклучив рерната по 20 минути. 






* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

Бесквасен млечен леб

Бесквасен млечен леб  

Кога започна пандемијата, пред скоро точно една година, стана хаос за тоалетна и брашно. Луѓето во паника решија леб дома да си месат, па полициски час, па страв од зараза со гибањето, на меѓу нив и такви кои никогаш не меселе леб, па овој рецепт без квасец беше одлично решение и за нив и секако за сите. Мене лично ми годи на желудник, а вкусен, превкусен и брз да се направи...и секако, со лична форма за око. 



Потребно 

480 гр брашно

1 пециво

1 лажиче сол

Прстофат шеќер

100 мл масло или 100 гр сало (или комбинирано)

300 мл млеко

За мачкање

1 јајце

Сусам



Подготовка 



Се мешаат сувите состојки.

Млекото се загрева до млако и во него се додава маслото (салото) да се спои.

Во вангла се истура млакото млеко и се додава половина од сувите состојки.  Се меша со лажица околу 2 минути.

Потоа повоторно се додава половина од сувите состојки и повторно околу 2 минути се меша со лажица.

На крај се додава и остатокот и се меси со рака убаво тесто на работната површина.

Зависно од состојките можи да ви остани малку брашно на неа.

Се расплескува или расукува правоаголна кора со дебелина од еден прст, се засекува лево и десно и се плети како плетенка.

Се премачкува со разматено јајце и се поросува со сусам.

Се печи на 200С 30 минути. Доколку ви е силна рерната последните 10на покријте одозгора со хартија.

Исклучете ја рерната и оставете покриено 10 мин во исклучена рерна.

Лебот завиткајте го во кујнска крпа и оставете потополно да се излади пред да го сечите.

 





* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 



Friday, March 19, 2021

Баклава со кокос и афион

 Баклава со кокос и афион

Интересна и вкусна лајт баклава, особено за љубителите на кокос. 



Потребно 

500 гр. кори за баклава

200 гр. кокос

3 лажици афион

4 јајца

2 пакетчиња ванилин шеќер

1 прашок за печиво

200 мл. масло

400 мл. јогурт


За шербет 

1 лимон

800 мл. вода

1 кг. шеќер


Подготовка 

Со миксер се матат густо јајцата со 1 лажица шеќер, се намалува брзината на миксерот и се додаваат прво течните состојки па сувите постепено, без едната ванила.

 Сите кори се попраскуваат со маслото и газираната вода и се премачкуваат со неколку лажици од филот. Првата и претпоследната кора не се премачкуваат со фил.



 Баклавата се сечи на ромбови и се печи 30на минути на 160С во загреана рерна.

 Водата и шеќерот на тивко вријат 10 минути и после 5 минути на страна од рингла се додава сокот од лимонот.

 Врз печената и оладена баклава се наросува 2то пакетче ванила и се прелива со топлиот шербет.

Се остава неколку часа или преку ноќ да се впие шербетот.



* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 


Баклава со чоколадирани чајни колачиња

 Баклава со чоколадирани чајни колачиња 

Кога бевме деца немаше луксузи од благо и тоа малку што имаше инстантно се јадеше. 

Денес е сосема поинаку. Се пребира што се сака да се јади, а другото стои. 

Поради здравствени проблеми избегнувам млеко да користам, инаку јас не би ги оставила така отворени, сами и тажни. А децава ни да ги помирисаат. 

Па така, се роди идејата да се искористат некако. Имаше кори во фижидерот и ВОАЛАААА! Баклава! Се испотепаа за парче плус ;) 



Потребно 

500гр кори за баклава

500 гр чоколадирани чајни колачиња на Винчини

200 гр мелени ореви

150 гр чоколадо за готвење

За шербет 

900 гр шеќер

1,1  литар вода 

 За прскање на корите

½ чаша газирана вода и 1/2 чаша масло 




Подготовка 

Најпрво сварете го шербетот. Нека врие на умерена температура 10 мин. Тргнете го на страна да олади.

 Во сецко измелете ги чајните колачиња, во кој исто така и оревите, а чоколадото изрендајте го. Се заедно измешајте во една вангла.

 Кој има трпение можи киселата вода и маслото да ги стави во посебни чаши и да попрскува врз корите со помош на лажиче од двете чаши. За забушантите ко мене, како побрз и полесен начин, ги ставате и двете течности во една чаша, мешате при секое макање бидејќи маслото има тенденција да лебди над водата и со силиконска четка премачкувате (кога ќе приметите дека сепак се потрошило, се додава повремено по малку масло).

 Се премачкуваат сите кори, и таа со фил.

Се редат по две, врз нив се наросува насекаде од филот и се витка во ролат.

 Се печи на 200С додека не порумени.

 Топлата баклава се прелива со ладниот шербет.


* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

Алфабет торта без печење

Алфабет торта без печење  

Денот пред роденденот на моите деца беше хаосен. До тогаш само ја замислував идејата каква торта ќе им направам и секако, денот ќе го посветам на спремање за нивниот роденден. Но, утрото осамна со исклучена струја. Нервоза на најсилно и цел ден гњаважа со тој проблем. Во нашето државиче знаат лесно да исклучат струја за неплатена сметка, ама откако ќе се плати и тоа не оди така лесно бидејќи се сметаат многу супериорни да го малтретираат народот, потоа треба цеееел ден да напињаш да ти ја пуштат. И така, отиде денот со трчање и нервоза, а замислата за тортата само во почетни скици, дека сакам да е алфабет форма, па за тесто и фил мислев дека ќе одлучев ако не беше моментот со струјата. Се стемни, а јас уште бесна и без склопен концепт. Тортата на крај настана како и многуте мои готвења околу полноќ. Се одлучив за (полу)готови производи, ја креирав буквата на дупли А4 формат со коцки и почнав спонтано... 


М за 21от роденден на Михаел и Милена 

моите близнаци. 

Потребно 

1 пакување готови правоаголни кори за торти 

1 фил во прав за торти од чоколадо

250 мл млеко

250 мл слатка павлака

1 инстант пудинг од чоколадо

225 мл млеко

1 лажица портокал-ѓумбир шеќер

1 пакетче портокал шеќер

2-3 лажици шеќер во прав

4 полни лажици Нутела 



 Подготовка 

Исечете или испринтајте буква, бројка или форма која сакате на лист хартија за калап.

Со него исечете ги формите на корите. 


Инстант филот за торти се мати со 250 мл млеко, во друг сад инстант пудингот со 225 мл млеко, а во трет слатката павлака во која можите да ги додадете останатите состојки сите наеднаш или пак откако сите овие изматени работи ги споите заедно во еден сад.
Јас се раководев по упатството за третиот начин на подготовка на инстант филот, така прво ја матев павлатака меко додека згусни, па филот на тој начин и потоа заедно додека се направи убава црврстина. Соодносот на состојките го прилагодив по моја пресметка за потребите на рецептот и додатокот на другите состојки.


Аромата воглавно е чоколадо кога финално се јади, а доколку сакате додатен вкус за појачан портокал додадете и рендана кора, или пак арома по ваша желба.

 Филот ставете го во шприц со широк отвор и едно до друго филовајте во облик на топчиња.

Така секој ред до најгорниот слој. 





Потоа одозгора украсете по ваш избор со колачиња, бомбончиња, макаронс и сл.

За оваа, завршија харибо, чоко флипс, тутку, маршмелоу, некоја панделка од фондан и на крај за тофу изгледаше дека место не остана.




* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

Чоколадни пеперминт After eights колачиња

 

Чоколадни пеперминт After eights колачиња

Малку деликатни се за спремање и не е лесно да се добие финалниот изглед, но вреди да се пробаат во секој случај, особено дека не се класични и вообичаени колачиња. 

Добро е откако ќе ги спремите да ги чувате во фрижидер во затворена кутија за да не примаат влага. 



Потребно 

450 гр шеќер во прав

120 гр филаделфија сирење

1 лажичка проѕирен пеперминт екстракт (25 гр екстра јаки пеперминт бомбони, види фото)

100 гр чоколадо за готвење

Ситни шеќерни перли за украс



Подготовка 

Ментол бомбоните измелете ги до прав и заедно со сирењето и шеќерот во прав кремасто изматете ги.

 Обложете еден плех со пек-хартија и со набрашнети раце со шеќер во прав правете мали бомбици и редете ги врз него.

 Потоа со некое кружно лажиче или алатка, или со прст ако немате никакво направете вдлабнатини во средината.

 Покријте ги со влажна крпа или со целофан и ставете ги во фрижидер 1-2 часа да се сврднат. Јас ги кладов во замрзнувачот, не е проблем.

 Потоа се топи локоладото и вдлабнатините се полнат со него, а одозгора кој сака се наросуваат со шеќерни шарени перли. 



Малку се деликатни овие колачиња, треба да се чуваат во фрижидер, по мое мислење ако имате од оној со самоодржување е најзгодно да ги оставите така непокриени бидејќи тој најсолидно ќе ги исуши. За јадење се вадат непосредно пред тоа, не се погодни многу да стојат на собна температура. 




* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

Едноминутен чизкејк од микробранова

 Едноминутен чизкејк од микробранова 

Многу ги сакам едноставните и брзи работи кои на крај резултираат со вкусотија. 

А, микробрановата сум ја истестирала многу успешно за многуврсни работи кои бараат повеќе време на рингла. Да си го залужи местото кое го зафаќа во кујната :) 



Потребно 


За подлога 

3 лажички мелени бисквити

1 лажичка путер да се стопи 

 

 За крем 

4 лажички крем сирење
2 лажички овошен или грчки јогурт
1 белка
2,5 лажички шеќер
1 лажица брашно

½ лажичка ванила екстракт


За топинг 

1-2 лажици слатко 




Подготовка 

Измешајте ги мелените бисквити со стопениот путер и натапјакте ги на дното на шолјичката

 Редоследно измешајте ги состојките за кремот и истурете ја смесата врз подлогата.

 Ставете во микробранова на 1 минута на најсилно во интервали од 15-20 секунди. Готово!

 Оставете во фрижидер убаво да олади и сервирајте го со омиленото овошно слатко одозгора. 



* Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт. 

Јужноиндиско вегетаријанско кари со карфиол

 Јужноиндиско вегетаријанско кари со карфиол 

Лудило од состојки, невообичаено за во наше поднебје, но јас скептикот, штом го видов морав да го пробам. И покрај желбата и скептичноста кога го пробав, пак ќе се повторам - лу - ди - ло! Како не сум по лутото направив една камуфлажа, ставив блага пиперка, иначе не би го вкусила. Пред да го правам, имаше комшиска дојава да се дојди и да се дегустира чудово. Беа фасцинирани, иако предвреме кажав какви состојки има. Кој ќе се осмели да го проба, верувам ќе се изненади.

Лушпите од банана на ваквите јадења даваат некој осет како јадењето да не е веге, ами како со месо да е. Издробете ги само поситно за разлика од мене. Тоа би била мојата забелешка.




Потребно 
(за една порција) 

1 многу мала главица карфиол

1 лушпа од отемната банана

1 лажиче кари

1 лажиче сол

1/2  главица црвен кромид

2 мали чешниња лук

2,5 см корен ѓумбир

1 лута пиперка 

1  лажица пире од домати

1 лажиче коријандер

1 лажиче ким

250 мл кокосово млеко 



Се обарува карфиолот во посолена вода и се остава исцеден на страна.

 Лушпита од банана се попарува со жешка вода во која се додаваат солта и карито и се остава така додека водата потполно не излади. Се вади и се сечка (исечкајте ги поситно отколку ова). 



Кромидот, лукот, ѓумбирот, пиперката и коријандерот испасирајте ги со рачен пасатор. Јас купив нов и не ми збрка работа, па му влегов со толчникот.

Оваа пасирана маса се пржи на маслиново масло додека не почни да се соединува како паста.

Потоа му се додава пирето од домати и се попржива, па се налева кокосовото млеко. 



Откако ќе зоврие кокосовото млеко се додаваат сечканите лушпи од бананата и се вари околу 5 минути.

На крај се додава карфиолот уште 2 минути и е готово.

Во меѓувреме можите да посолите или на сам крај откако ќе пробате. 


* Фотографиите се авторски. Забрането е превземањето на истите без согласност на авоторт. 

Овесна каша со капини и банани

Овесна каша со капини и банани 

Еден предлог за појадок. Здраво и вкусно. Кој сака поблаго нека додава мед, агаве, стевија и сл. 


 


Потребно 

50 гр банана

50 гр капини

60 гр овесни снегулки

130 гр цврст јогурт

5 гр цимет

100 мл бадемово млеко




Подготовка 

Се пасираат овошјата и се мешаат со овесните снегулки.

Потоа се додава јогуртот и циметот и откако ќе се измеша се додава бадемовото млеко.

Се убаво се меша и се става во тегличка, чинивче или чаша, се покрива и се остава во фрижидер да отстои 1 час.

Потоа  одозгора се додаваат капини и банани и низ нив сечкано чоколадо. 


* Фотографиите се авторски. Забрането е превземањето на истите без согласност на авоторт. 

Wednesday, March 17, 2021

Посни топчиња со кикиритки и сусам

 Посни топчиња со кикиритки и сусам 

Уште едни посни грицкала од едицијата посен кетеринг 



Потребно 

 250 гр маргарин 

100 гр мелени кикиритки (плус за внатре) 

100 мл пиво 

1 лажиче сол 

1 пакетче прашок за печење 

500 гр брашно 

100 гр сусам (за валкање на топчињата) 


Подготовка 

Се мати маргаринот со миксер и му се додаваат мелените кикиритки.
Се додаваат и останатите состојки и со рака се замесува глатко нелепливо тесто.
Од тестото се вадат парчиња со тежина од околу 11 гр.
Во секое парче се става по една цела кикиритка и се витка во топче.
Оформените топчиња се макаат во пиво, па во сусам.
Се печат во загреана рерна на 200С околу половина час, односно додека не поруменат. 



* Фотографиите се авторски. Забрането е превземањето на истите без согласност на авоторт. 

Посни крофнички со семиња во апарат за крофни

Посни крофнички со семиња
(апарат за крофни) 
 
Јас не сум постач, но во денешно време знам куп постачи на кои баш периодов ќе им се најди ова рецептче. Јас пред некоја година морав да изберам солени и посни залачиња и да спремам кетериг за една прекрасна автрорка. Како непостач бев особено скептична дали ќе успеам да спремам и лик и вкус, ем посно, ем солено, а најмалку моја категорија. На мое пријатно изненадување,  иако посни избрани рецепти беа одлични на вкус, а овие како најмалку очекував особено вкусни. 




Потребно
 
мера: филџан од 170мл 

1,5 филџан газирана вода 
1/2 филџан масло 
1 лажичка сол 
2 лажички ленено семе 
2 лажици сусам 
2 лажици сончоглед 
10 лажици брашно 
1 прашок за печење 
2 млади кромитчиња 

Подготовка 

Потпечете ги сусамот и сончогледот во сува тава на рингла. 

Во сад за месење ставете ја водата и маслото заедно со солта. Измешајте, па додадете ги семињата, па потоа брашното измешано со пецивото. На крај додадете ги перцата од младиот кромид, ситно исечкани. 

Крофничките испечете ги во загреана крофнарка претходно подмачкана со масло. 

Готовите крофнички украсете ги по желба. 
Јас употребив посен мајонез, зелена маслинка и франсцуски магдонос. 



* Фотографиите се авторски. Забрането е превземањето на истите без согласност на авоторт. 

Tuesday, March 16, 2021

Торта за сите сетила

Торта за сите сетила 

Тортата си ја креирав сама, за своја душа. 

Имав за трошење путер од кикиритки, мелено орео и шалг крем. 

Ја нареков вака бидејќи вкусовите во целина ја направија луууудило! А тоа го потврдија сите кои ја пробаа. :) 


 Потребно 

4 пакетчиња чоколаден шлаг крем 

450 мл газирана вода 

300 гр мелено орео (без фил) 

200 гр кранчи путер од кикиритки 

50 гр мелена гранола со јатки 

300 мл нугат крем 

чоколаден прелив 

Подготовка


Се матат шлаг кремовите со водата и се делат на 3 дела.

 

Во првиот се додаваат мелените орео и се рапосредува на малку намрсен газер од  калап на откопчување бр 24

 

Во вториот дел се миксира путерот од кикиритки и со шпатула се меша гранолата.

Се распоредува врз првиот слој.

 

Во третиот се меша нугат кремот и се става врз вториот слој. 


Убаво се израмнува и се попрскува и шара со чоколадниот прелив.

 

Тортата се остава во фрижидер преку ноќ и потоа можи да се служи.


Верувајте ми летна инстантно, се бараше парче плус, дури и од мрчаторите кога се работи за благо : )



* Фотографиите се авторски. Забрането е превземањето на истите без согласност на авоторт.