Пита со капини
Живеам на периферија каде лесно можи да се дојди до зелени ливади во близина. Всушност две ми се скоро до самата куќа. Така, лани комшијата пензионер за да се занимава собра многу капини, а комшивката скоро и да ги подели со мене.
Капините ги ставив во фрижидер и така си прележаа цела зима. Време дојде да се празни за новие бобинки, а капини скоро две кила.
Овој рецепт беше совршен за нивно трошење во поголеми количини.
Секогаш гледам да направам нешто ново, па така и овој рецепт. Се сомневав дали ќе испадни добро со тоа што тестото беше многу оскудно по состав, а за прав пат се среќавам со печење на сирови капини. Филот всушност и не ме плашеше, иако бев пријатно изненадена на пресекот. Уште топла имаше совршен пресек, а јас брзав да ја сечам рано бидејќи секогаш подарувам од она што го правам. Сомнежот ме натера само да ставам малку прашок за печење во тестото.
И за крај, ќе се повторам...испана совршена!
За тесто
2,5 чаши брашно
125 гр путер или маргарин
0,1 лажиче сол
1 лажиче шеќер
7-8 лажици ладна вода
1/3 лажиче прашок за пециво
За фил
6 чаши капини
¼ чаша брашно
½ чаша шеќер
¼ лажиче цимет
2 лажици масло или стопен путер
Рендана кора од 1 лимон
½ лажиче лимонска киселина
(јас овие две ги заменив со 3,4 пакетчиња лимон шеќер)
За премачкување
1 јајце
1 лажица млеко
Од наведените состојки измесете глатко тесто.
Тестото поделете го на два малку различни по големина
дела и оформете ги во топки.
Поголемата расукајте ја во круг и обложете ја во
намастена и набрашнета тава за тарт по дното и по страните.
Ставете ја тавата и останатото тесто во фрижидер околу
20на мин.
Во меѓувреме спремете го филот, кој оди многу брзо и
лесно, сиров.
Едноставно измешајте ги сите сотојки и почекајте до
времето на ладење на тестото.
Потоа, ставете го врз расученото тесто и убаво
распоредете го, па расукајте ја и другата топка тесто и покријте одозгора.
Печете во загреана рерна на 190С околу 30на минути.
Печената пита кога ќе подизлади извадете ја на решетка да
се доизлади и потоа поросете ја со шеќер во прав.
За љубителите на ова овошје е вистинска наслада, а и оние кои површно ги сакаат капините сепак нема да останат рамнодушни :)
No comments:
Post a Comment