Раванија со кокос и семолина за бебиња со вкус на банана
Немам бебиња, ама уште кога го видов гризот за бебиња на акција во продавницата, знаев дека ќе го употребам за раванест кекс и ете, конечно после подолго чекање му дојде денот.
Како кај мене кампањски се јади одредена храна, така, знаев дека ова нема ни да го мириснат, па решив да го испечам во две алу калапи кои ќе ги подарам на вистинските места каде нема ни ронка да остани. За мене решив да си одделам само едно парче, но покасно си тргнав уште едно :)
Семолина за бебиња не гледам често во продавница, па не знам дали, каде и колку ја има, но вие кои сакате да го пробате благово, можи да си ставите обичен гриз секако.
Состојки
За кексот
3 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша млеко
1 чаша масло
1 чаша брашно
1 чаша семолина
за бебиња со вкус на банана
1 чаша кокос
1 ванилин шеќер
1 пециво
Шербет
2 чаши шеќер
1,5 чаша вода
1 ванила
6 полни лажици
карамел фарситура
Чаша 250 мл (јас користев од 200мл)
Подготовка
Се матат убаво
јајцата шеќерот и ванилата, па се додаваат течните состојки. На крај се додава
брашното со пецивото, па гризот и кокосот.
Смесата се истура
во намастена тава и се печи на 190С
околу 30на минути (проверете со методот сува чечкалица).
Додека се печи
кексот, се спрема шербетот кој можи да го оставите една минута на рингла додека
врие, па се трга да подолади.
По 10-15 минути
се прелива кексот со шербетот и откако ќе се впие се премачкува одозгора со
карамел фарситурата.
Се остава да
излади и се сечи на посакуваните парчиња.
©Фотографиите се авторски. Забрането е преземање на истите без согласност на авоторт.
No comments:
Post a Comment